Едно истражување потврдува дека исфрлањето на шеќерот од исхраната на само девет дена може значително да го подобри здравјето, пренесува Индепендент. Студијата е објавена во списанието “Obesity“,каде ја преставувава замената на внесот на шеќер кај 43 дебели деца со скроб и со тоа потврдива дека шеќерот е штетен за здравјето не заради калориите, туку поради напорите на метаболизмот. Авторот на студијата Роберт Лустиг, педијатриски ендокринолог во детската болница UCSF Benioff во Сан Франциско, истакнува дека студијата покажала дека во текот на спроведувањето на новата диета кај примероците, истражувањата покажале дека нивото на холестерол се подобрил, а нивото на инсулин опаднал.
“Се е подобрено”, вели Лустиг. “Овие наоди ја поддржуваат идејата дека е неопходно за родителите да го следат внесувањето на шеќер на своите деца и да се внимава на здравствените ефекти од храната што ја јадат своите деца.” Лустинговите истражувања се противат на размислувањата кои го поддржуваат мултинационални компании, велејќи дека дебелината не е резултат на внесувањето на шеќер, туку тоа било резултат на прекумерен внес на калории. Лустиг на ова се осврна и посвети посебно внимание во текот на истражувањето, да се одржува телесната тежина на деца, а на оние кои изгубиле некои килограм биле охрабрувани и поттукнувани да јадат повеќе.
“Калориите од шеќер се најлоши, затоа што тие се претвораат во масти во црниот дроб, ја подигаат отпорноста на инсулин и го зголемуваат ризикот за дијабетис, болести на срцето и црниот дроб”, изјави Лустиг.
м-р Ангелче Гушев