После анализата на еден индивидуален шутерски тренинг на феноменалниот Дражен Петровиќ, неговиот тренинг може да се опише со следната содржина. Неговиот шаблон на тренинг изгледал вака: дриблинг и продор со полагање на кош и постигнување на 50 кошеви, потоа 20 погодени слободни фрлања, 50 погодени тројки и 20 погодени кошеви од различни позиции и дистанци. Потоа трчање на една делница – едно кошаркарско игралиште и тоа десет пати повторување на споменатата делница. Потоа иста задача на шутирање на кош споменато на почетокот од тренингот, а потоа десетина кратки спринтерски делници. На крај работи по 150 до 200 стомачни и тоа во серија од по 20 . Потоа следува шутирање на кош 50-20-50-20. Ако се собере севкупно, тоа би било 200 погодени шутеви за два поени и 136 тројки и тоа со прецизност од 80 %, а можела прецизноста да достигне и до 90 %, и тоа е некаде околу 700 исфрелени топки. Кога би работел групен тренинг со своите соиграчи, тој исфрлал по 200 топки, а тоа дневно доаѓало и до 900 шутеви. Оваков вид на тренинг бил понуден и на Галис и на повеќемина професионални играчи , но не можеле да го финализираат тренингот од причина што ја немале моќта на концентрација која што ја поседувал Дражен.
м-р Ангелче Гушев