Во организација на Сојуз на извидници на Македонија, се реализираше мадинскиот настан Младинска академија, настан кој има за цел градење на капацитетите на младите. Овој пат фокусот се става на лидерство. Тренингот се состоеше од 18 различни теми и панел дискусии со медиуми и институции. Учествуваа 110 млади, 12 тренери, 4 денови.Младинската академија е дел од проектот “Младинско вклучување преку извидништво” поддржан од Civic Engagement Project-Macedonia и USAID. Младинската Академија се одржа 20-23 октомври во Извиднички Центар Охрид. Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учество земаа Сара Нунеска и Ева Кантарџијевска. Во рамките на оваа Академија се разработуваа следните сесии како што се: јавно говорење, говор на тело, организациска структура, лидерство во извидништвото, извидничка програма Компас и др.
м-р Ангелче Гушев