На 27.12.2019 год. (петок) на бродот “Панини“ се одржа јубилејното шеесетто издание на традиционалната манифестација “Избор на најдобар спортист и екипа на Општина Велес” во организација на Сојузот на Спортови, а под покровителство на Советот на Општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски, вечерва беа прогласени најуспешните спортисти и спортски работници за 2019 година.
Манифестацијата ја отвори со свечено обраќање новоизбраниот претседател на Сојуз на спортови на Велес, каде што ги истакна и сите приоритети во развојот на спортот во Велес.
Поздравно обраќање на оваа манифестација имаше и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски кои изрази благодарност до сите поединци и компании кои придонесоа за развој на спортот во текот на 2019 година. Меѓудругото, Коцевски ги спомна и сите спортски настани кои беа поддржани од страна на Општина Велес, но и инфраструктурните проекти кои се реализираа на градскиот стадион. Градоначалникот Коцевски ги потенцираше и заложбите на општината и Советот на Општина Велес за поддршка на спортските настани во Велес за следната година. На манифестацијата, најпрестижното признание „Спортист на годината” за 2019 година му беше врачено на членот на Кајак Клуб Кану „Вардар”, Ангел Петрушев.
Во останатите категории наградите ги понесоа:
Најуспешно училиште: ООУ „Васил Главинов”;
Најуспешни спортски педагози: проф. Кирил Манев, проф. Ангелче Гушев и проф. Златко Гуцев;
На манифестацијата, најпрестижното признание „Спортист на годината” за 2019 година му беше врачено на членот на Кајак Клуб Кану „Вардар”, Ангел Петрушев.
Во останатите категории наградите ги понесоа:
Најуспешно училиште: ООУ „Васил Главинов”;
Најуспешни спортски педагози: проф. Кирил Манев, проф. Ангелче Гушев и проф. Златко Гуцев;
–
- Посебно признание: Сојуз на инвалидизирани лица;
- Спортски работник: Трајче Станковски – Даскалот;
- Спортска манифестација: „Мототрка Ендуро 2019 Велес”;
- Најдобри ракометни судии: Петре Климкаров и Благој Петров;
- Најдобар карате судија: Климентина Војдиновска;
- Амбасадор на велешкиот спорт: Деан Манасков;
- Признание за посебен придонес за развој на спортот во Велес: проф. д-р Кочо Анѓушев;
- Најуспешни младински клубови: Кајак Кану Клуб „Вардар”, Карате клуб „Гладијатор” и Градски одбојкарски клуб „Борец”.
За најуспешни млади спортисти беа прогласени: Ангела Димова, кајакарка, Филип Сиљанов, ракометар, Рузѓар Асановски, боксер, Мартина Арсовска, каратистка, Андреј Ковиловски, кошаркар, Ердинч Зејнелов, борач, Мартин Мазнев, кајакар, Елена Џунова, тенисерка, Валерија Крстева, кајакарка, Ивона Србова, одбојкарка, Благој Марковски, велосипедист, Лука Бацковиќ, каратист, Стефан Рибарски, кајакар, Сури Усеинов, боксер, Лазар Стојанов, ракометар, Филип Јованов, одбојкар, Луси Атанасова, тенисерка, Ива Донева, одбојкарка, Каменчо Андоновски, фудбалер и Александар Ристовски, кошаркар.
Во младинска конкуренција за најуспешен тренер беше прогласен Димче Стефановски. Во категорија сениори, за тренер на годината беше прогласен Горазд Михајлов.За најуспешни екипи, во категорија сениори беа прогласени екипите на “МВК Велес” и Кајакарскиот клуб “Бабуна”, а за екипа на годината беше прогласена сениорската екипа на ФК “Борец 1919”.
Градоначалникот Коцевски ги додели наградите во категоријата спортисти сениори. Наградени беа Георги Бановски, каратист, Кристијан Ванчевски, велосипедист, Драган Ванов, мотоциклист, Ангел Петрушев, кајакар, Ненад Антиќ, стрелец, Ѓоре Црнушев, фудбалер, Ѓоре Цветков, одбојкар, Бошко Ивковиќ, кошаркар, Ѓоре Ѓоргиев, фудбалер, Љубомир Спасиќ, кајакар и Виктор Ванчевски, велосипедист.
м-р Ангелче Гушев