Home / Колективни спортови / Избор на ракометари за современа ракометна игра

Избор на ракометари за современа ракометна игра

Во иднина, изборот на играчи кои ќе бидат безмилосни ќе биде неверојатно важен момент. Изборот на играчи ќе биде креативна задача за тремнерот кое ќе бара големо негово професионално знаење и искуство. Ваквата селекција неизбежно подразбира и елиминација на многу талентирани играчи кои се ориентирани кон индивидуален ракомет, но немаат квалитети што се бараат за тимската работа.
Во иднина, тимското учење ќе биде исто толку важно како што се тимовите, а не поединците. Екипите ќе бидат основните единици за учење за која било модерна екипна ракометна организација. 21-от век сигурно ќе биде најзабележан со конкуренцијата и натпреварот во знаења, креативноста, иновативноста и можност за размислување. Само со примената на нови креативни методи и размислувања ќе се придонесе за напредок, развој и добивање на позитивни резултати.

Според моите истражувања сакам да напоменам дек тренажниот процес на децата до 10 години каде што треба да се користат методи за учење, како што ќе се користат игралишта и работилници каде децата играат за да учат ќе бидат потребни не помалку од 20 часа неделно за 10 години. Со овој ритам на тренажен процес може да се создаде играч од прва класа. И за крај треба да се напомене дека и без дополнителна обука, едно лице не може да собере 20 часа обука неделно. Талентираните тренери секогаш бараат добри и карактерни луѓе за работа. Многу тренери немаа толку успех во кариерата колку што заслужуваат со својата работа и знаење, едноставно затоа што не направиле добра селекција.

Многу е важно е да се забележат и да се маркираат супер талентираните играч меѓу 10-те и да се инвестира во него, што навистина ќе се направи добра и квалитетна селекција. Сепак, многумина ги забележуваат само оние кои немаат светла иднина пред нив. И тука е разликата. Како и да е, колку и да е добар методотичкиот и дидактичкиот систем за обука, дури и да е најдобар, нема да има ефект доколку се примени на сиромашен ракометен кадар од играчи. Техниката кај ракометарите е навистина важна за развојот на ракометот. Проблемот со техниката кај индивидуалните ракометари е како да се изрази и реализира структурата на движење на правилен биомеханички начин со што се овозможува функционалниот и моторички потенцијал целосно да се изрази. Техниката мора да се практикува до совршенство, на пример: одредување на степенот на моќност и брзината при удар на гол.
Основни елементи на ефективната техника се координација, брзина на реакција, и можност за брзо менување на насоката на движење и одржување на телото во совршена динамичка рамнотежа. Овие биомеханички движење, односно движење на целото тело или на одделни делови, мора постојано да се повторува, подобрува и рафинира со цел да се постигне уште поефикасно движење во просторот или како ракометарот да се справи со топката.

Идното мото на ракометната игра треба да биде: побрзо, посилно, подалечно и со повеќе техники. Нивото на вештини всушност ќе претставува ниво на квалитет на ракометната техниката. Со други зборови, како да се изреализира движењето на најдобар можен начин; рационално, хармонично и урамнотежено. Нивото на знаење ќе се мери со квалитетот на тактичкото однесување на играчот кога го препознава проблемот и разбира што треба да направи. Тактиката ќе биде борба за предност. Затоа, ракометот во суштина е игра со умот и разумот. Во иднина нема да има груба игра во одбраната. Покрај латералната брзина во играта, од играчите ќе се бара да го ограничат просторот и времето на противникот и во ширина и во длабочина. Ова, се разбира, ќе биде можно само со слушање и читање на индивидуалните и колективните намери на противникот. Одбраната се повеќе ќе игра на слоганот “многу кучиња (играчи) и еден мртов зајак (топка)“.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*