Ако во вашето семејство имате ученик и од него очекувате да остварува добри резулатати во образовниот процес, наведувајте го да што почето излегува надвор и да игра во природа. Некои нови истражувања покажуваат дека играњето на отворено позитивно влијае на успехот кои децата го остваруваат во училиштето. И досегашните истражувања покажаа дека академските досистигнувања се унапредуваат со поголема физичка активност на отворено. Истражувањата покажуват дека физичката активност придонесува во унапредувањето на акдемските достигнувањана децата и тинејџерите. Научните работници од Холандија собраа голем број на резултати од 14 истражувања во кои учествуаа од 54 до 12.000 деца и тоа од четири до осуманаесе години.
-Водејќи се од добиените резултати од сите истражувања, дојдовме до заклучок но и резултатите тоа го потврдуваат дека постои позитивна врска помеѓу физичката активност и училишните постигања – изјави д-р Амика Синг, раководител на истражувањето.
Вежбањето може да допринесе во унапредувањето на менталните активности, така што го подобрува дотокот на крв во мозокот, го намалува стресот и го поправа расположението во позитивна насока. И тоа не е се. Физичката активност го подига нивото на факторот на растење, а тоа ги регенерира нервните келии и помага во поврзувањето на неуроните.
м-р Ангелче Гушев