Глогот (Crataegus oxyacantha) припаѓа на семејството рози од фамилијата rosaceae. Ова наизглед убаво растение може да порасне седум до девет метри висина. Го красат гроздови од бели цветчиња со интензивен мирис. Во лековити цели се користи повеќе од двесте години за ублажување на знаците и симптоми на лесен вид на конгестивно нерушување на срцето. Лековитиот екстракт од оваа билка може да се добие од бобинките, листовите и цветовите. Сите овие делови содржат значителни количини на флавоноиди и олигомерни процијанидини. Глогот се смета за еден од најсилните природни тоници за срце. Тој може да ги прошири крвните садови, да го зголеми дотокот на енергија и да ја подобри способноста на срцето поефикасно да ја пумпа крвта низ вените. Овој растителен екстракт исто така може да го забрза опоравувањето после срцев удар, да го зајакне срцевиот мускул и да го подобри протокот на кислород до срцето. Глогот може да ги блокира ензимите кои предизвикуваат слабеење на срцевиот мускул. Добра вест е дека оваа лековита билка може да ја подобри циркулацијата на крвта, намалување на холестеролот и да го регулира крвниот притисок. Исто така во состојба е да го сочува колагенот, со што директно помага во формирање на сврзно ткиво. Оваа способност е многу корисна за лица кои страдаат од артритис или слични проблеми бидејки може да помогне во заштита од штетата предизвикана од слободните радикали. Поради својот смирувачки ефект, глогот е одличен природен лек за лица кои страдаат од несоница. Оваа лековита билка може да помогне за регулирање на менструалниот циклус, а исто така се користи за лекување на камен во бубрег. Ако се одлучите за користење на глог во облик на екстракт или додаток во исхраната, имајте на ум дека треба да го земате четири до осум недели пред да приметите подобрување. Ако го користите како додаток во исхраната, оптималната доза се движи од 600 до 1800 мг. два до три пати на ден. Ако се одлучите за цветчињата или листовите, дозата треба да биде околу 4.5 до 6 грама дневно. Глогот не се препорачува на трудници бидејки може да делува на матката. Иако нема евидентирани штетни нуспојави, прекумерна употреба на глогот може да доведе до вртоглавица, замор, осип на кожата, срцеви аритмии, мачнини, потење и премор.
Редакција Кинезиологија.мк