Физичката активност е важна за добро здравје и добросостојба. Физичката активност е едно од најважните нешта кои може да ги правите за да го намалите Вашиот ризик за рак, особено за рак на дебелото црево. Луѓето кои се физички активни исто така можат да го намалат својот ризик за рак на дојката, ендометриумот (матката), белите дробови, панкреасот и јајчниците. Активноста исто така може да помогне во превенцијата на срцеви заболувања и дијабетес, како и одржувањето на здрава телесна тежина. Прекумерната тежина или обезноста исто така претставуваат фактор на ризик за неколку главни видови на рак. Физичката активност може да Ви помогне да се чувствувате подобро, бидејќи ќе имате поголема енергија и виталност. Австралиските национални водичи за физичка активност препорачуваат да правите барем 30 минути умерено интезивна физичка активност, како пешачење, повеќето или сите денови во неделата. Исто така, ако можете, треба да правите одредени редовни енергични вежби, за дополнително здравје и кондиција. За превенција од рак научните докази укажуваат, колку повеќе физичка активност, толку подобро. Денес, истражувањата укажуваат дека 60 минути или повеќе умерена активност (како брзо одење, косење на тревникот или пливање со средна брзина) или 30 минути или повеќе енергична активност (како аеробик, трчање или брзо возење) дневно, можеби е најдоброто нешто за намалување на ризикот од рак. Доколку имате здравствена состојба или не сте сигурни за Вашето здравје, прашајте го Вашиот лекар пред да започнете со енергични активности. Пешачењето е одлична вежба. Не мора да се зачлените во теретана за да бидете поактивни. Изберете активности во кои уживате и што се вклопуваат во Вашите секојдневни активности. Ако не сте активни, секое зголемување на активноста е полезно.
• Движете се по скали, а не со лифт
• Симнете се од автобусот една станица претходно и пешачете
• За време ручек одете на прошетка
• Паркирајте подалеку од Вашето одредиште и пешачете
• Занимавајте се во активна забава, како возењето велосипед, игри со топка или приклучете се на спортски тим
• Пешачете со пријател или приклучете се на пешачка група
• Земете часови по танцување
• Пробајте часови по вежби во теретана
• Додека гледате телевизија, правете некои едноставни вежби за истегнување
• Правете поенергични домашни активности, како чистење со правосмукалка или косење на тревникот
Редакција кинезиологија.мк