Комитетот за натпревари при Данската ракометна Федерација одлучи дека од втората лига и надолу, во сите младинските категории е дозволено да ракометарите играат со заштита на главата без исклучок во остатокот од оваа сезона и тоа без да имаат медицинско одобрение. Досега таква можност имаа само голманите, а сега правото на заштита го имаат сите. Во елитната данска лига сепак, останува само на голманите и тоа точно определени кациги, кои треба да бидат одобрени од Федерацијата.
Оваа одлука ја донела федерацијата како резултат на сѐ почестите повреди во пределот на лицето и главата. Имајќи предвид какво е влијанието на Данска во европскиот ракомет, ништо чудно овие новитети полека да добиваат примена и јужно.
Извор: www.dhf.dk