Home / Сојуз на спортови Велес / Драган Ванов спортист на Велес за 2015 година

Драган Ванов спортист на Велес за 2015 година

dragan_vas_site

Во организација на Сојузот на спортови на Велес, а под покровителство на општина Велес на 25.12.2015 год. (петок)  на бродот „Панини“ на велешкото езеро „Младост“ се одржа 56то доделување на награди и признанија на манифестацијата „Избор на спортист за 2015“. Првото место, односно титулата спортист на Велес за 2015 година и златниот пехар го освои 23-годишниот мотоциклист Драган Ванов, член на „Мото Велес“.
Драган Ванов е годинешен освојувач на третото место во генералниот пласман во најсилната класа од 450 кубика во Мото крос на Македонија. Тој потекнува од семејство на моториклисти, а првиот мотор му е купен во 2005 година. Од 2006 година тој е присутен во државното првенство во најмалата класа и од тогаш Ванов реди успеси на домашни и меѓународни трки. Тој искажа благодарност до татко му, Сашко Ванов кој е и негов спонзор како и општина Велес, која го награди неговиот труд со ова признание на градот. Признанието, како што рече, ќе му биде и поттик за понатамошни успеси во натпреварите.
– Се надеваме дека ќе соберам средства за настап на Источно-европското ендуро, што е мототрка по нерамен терен и се надевам дека имам шанси за освојување на нови врвни резултати, рече Ванов.
Кај младинските екипи првото место го освои Кајак кану клаубот „Вардар“, кој е најдобар кајак кану клуб на Македонија. Второто место го освои карате клубот „Гладијатор“, а третото место екипата на велосипедскиот клуб МВК „Велес“.
Кај сениорите екипно, за најдобра екипа за 2015 на Велес е прогласен младинскиот велосипедски клуб „Велес“, освојувачи на купот на Македонија. Втора е екипата на мото клубот „Мото Велес“, а трет градскиот ракометен клуб „Борец“.
За најуспешно училиште во спортот за 2015 е прогласено ООУ „Блаже Конески“ од Велес, а најуспешен наставник во рамки на училишниот спорт е Петре Жабев, наставник од ова училиште.dragan
Во рамките на изборот за Благодарница за развој на спортот во велес доби и веб порталот кинезиологија.мк, а чиј што уредник е и единствениот магистер по спорт во Велес, Ангелче Гушев. Покрај ова планинарот Марјан Малинов доби Благодарница за неговите големи планинарски достигнувања, а Орданче Амбарков за неговите мегународни достигнувања како судија на одбојкарската игра, потоа проф. Славчо Давитковски од Сојузот на училишен спорт како спортски работник за 2015.
На оваа манифестација беше доделено и признание и на Велешкиот пливачки маратон како како една од најдобрите спортски манифестации во Велес во 2015 год.
Покровителот на манифестацијата градоначалникот Славчо Чадиев во обраќањето до присутните оцени дека подобрите и врвни резултати на велешките спортисти, на домашни и меѓународни натпревари последниве години го враќаат некогашниот спортски град Велес, повторно на картата на спортски градови во земјава.
– Во таа насока и во наредните години од општинската каса ќе издвојуваме средства за развој и унапредување на спортот во градот, потенцира Чадиев.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*