Home / Исхрана на спортистите / Дебелината кај децата

Дебелината кај децата

1_51fac7a440b15Дебелината кај децата се дефинира како прекумерна телесна маса во однос на телесната висина. За разлика од возрасните, каде е лесно да се измери, за децата постојат таблици на нормални вредности према кои се одредува дали е детето со зголемена тежина. Дебелината значајно го скратува животниот век. Тоа значи дека дебеллината кај децата е навистина опасна болест. Тешко да постои друга хронична болест која е подмукла како дебелината. Непријатноста е уште поголема што не се гледа додека детето се здебелува, него се случува после повеќегодишно оптеретување на детскиот организам со вишок на килиграми. Се разбира, не е во прашање само физички терет кој детето го носи, него се случуваат и пореметувања на метаболизмот на шеќерот, мастите и одредени хормони.

Зошто настанува дебелината?
Во организмот постои рамнотежа меѓу внесот на енергиија (храна и пијалоци) и потрошувачка на енергетски материи. Кај децата постои брз раст и развој, па нив им е потребна повеќе енергија. Затоа децата се со “зголемен апeтит”. Koга постои нескладност измеѓу внесената енергија и нејзината потрошувачка, во организмот настанува пореметување. Со други зборови, кај дебелите деца внесот е поголем од потрошувачката, иако во пракса кај повеќе деца со зголемена тежина и внесот прекомерен, а потрошувачката  (физичката неактивност) премала.

Постојат многу причини кои доведуваат до дебелина:
Генетската предиспозиција – е многу битна. Ако еден од родителите е со зголемена тежина, кај детето постои голема можност и тоа да биде со зголемена тежина. А доколку се двата родители со вишок на килограми, тогаш изгледите и тоа да биде како нив се многу големи. Познато е дека постојат гени кои ја регулираат потрошувачката на енергија во организмот. Кога ти се “слаби”, тогаш е метаболизмот” спор” па и таложењето на мастите во организмот е зголемено. Или едноставно речено овие децасогоруваат многу малку калории, него децата кои немаат гени за дебелеење. Но, овде треба да се истакне медицинската вистина дека не се наследува болеста, него склоноста кон болеста, па затоа е важно да се превземат мерки околу тоа прашање.
Врста на производи и навики во исхраната – се многу важен фактор за појава на дебелината. Ако почнете да го храните вашаето дете по системот “силата влегува преку уста-што повеќе тоа подобро”. Не е дебело дете здраво дете. Напротива! Затоа е потребно во првите години на децата да се води сметка за земање на здрава храна и стекнување на здрави навики. Се разбира ова важи и за сите возрасти. Вишо кот на масти во храната и брзите шеќери (брза храна– fast food, грицките, чипсот) директно ја нарушуваат рамнотежата меѓу внесените енергетски материи и нивната потрошувачка.
-Недостаток на активности, гледање ТВ и играње на компјутер е права катастрофа на современите цивилизирани деца. Избегавањето на физичките вежби е допринис за помала потрошувачка на енергија.

Болести како последица од дебелината
-Шеќерна болест – diabetes mellitus tip 2 се повеќе се дијагностира кај адолесцентите. Оваа болест сака посебна повеќегодишна терапија, покрај неопходното намалување на тежината.
-Кардиоваскуларни заболувања- Хипертензија (висок крвен притисок) често се јавува кај овие деца, а поради таложење на вишокот на масти (холестерол и триглицериди) драстично е зголемен ризикот од коронарните заболувања.
Респираторни заболувања- вклучувајќи ја асмата и ноќната апнеа (престанок на дишење во сон), која повеќе се јавува кај децата со голема тежина него кај другите.
-Пореметувања на функцијата на црниот дроб –се среќава кај 20% од децата со зголемена тежина.
-Намалена плодноста-како резултат на хормонските пореметувања кои се случуваат во репродуктивниот период.
-Пореметување на коскено-зглобниот систем настануваат како последица на долготрајното преоптоварување на зглобовите со вишокот на килограми.
-Пореметувања на функцијата на бубрезите
-Психолошки заболувања, вклучувајќи анксиозни неурози и депресија.
-Дискриминација во друштвото, но и на работа, чест е проблем со кои се среќаваат овие лица.
Овие податоци можеби звучат како список за застрашување, но се работи за апсолутни медицински факти- Дебелината навистина е хронична и подмолна болест која почнува во детска возраст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*