Стотината современи Гемиџии, по четири дена пловење во 12 пловни објекти од 30 јуни до 3 јули оваа година, пристигнаа во Гевгелија. Ветерот годинава ни беше сојузник на сите учесниците, тој дуваше во правецот на пловењето, па сите четири дена имавме одлична пловидбата. Проблеми не создаваа и високите температури и жешкото сонце, кое ги ,,испече,, гемиџиите. Со големи напори Гемиџиите стигнаа до Гевгелија, откако во четвртокот тргнаа од Велес. Попатно ноќеваа во воениот полигон во Криволак, во Демир Капија и во Марвинци. На оваа 18-та по ред Вардарска регата, за четири дена учесниците минаа 140 км покрај нас извидниците преставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беа и припадниците на воената полиција на АРМ чиј домакини бевме ние извидниците, но и нашите пријатели браќа извидници од Градскиот сојуз на извидници на Шабац, Република Србија и преставници на Савската регата. Оваа година учесници од страна на извизднички одред “Димитар Влахов“ – Велес беа, Ангелче Гушев, Ненад Андреевски, Љупчо Кузмановски, Симона Тодорова, Мартин Голчев, Трајче Темелковски, Александар Љутков, Ангела Чејкова, Марија Војневска, Благој Горчевски, Лазе Андовски, Христијан Јорданов, Ване Сарагинов, Ангеле Ѓошевски, Благој Ѓорѓиев и Ивана Чаушевска. Сакаме да потенцираме дека на оваа Вардарска регата “Гемиџии 2016“ за прв пат се појавуваат и девојки, а тоа се погоре споменатите извиднички на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес. Нивото на реката Вардар како и минатите години овозможи безбедно пловење. Годинава повторно имаше меѓународен карактер, учествуваа гости од Србија и Црна Гора. Тие беа задоволни од тоа што го доживеаа изминатите четири дена. Впечатоците се дека Вардар не е тешка река, како што очекувале. Не се плашевме туку бевме претпазливи. Првиот ден и третиот ден беа најдолги и највозбудлив потоа беше лесно, изјавија гостите од Црна Гора.
м-р Ангелче Гушев