Home / Индивидуални спортови / Атлетика / Босоного трчање по песок

Босоного трчање по песок

trcanje-plazaПоради самата природа на песокот, трчањето на ваква површина, поточно на целосно сув, ситен песок троши 1,6 пати повеќе енергија отколку трчањето на тврда подлога. Причината главно лежи во поголемата механичка работа што телото треба да ја направи за да ја совлада подлогата која е мека и делумно пропаѓа. Нормално, песокот во зависност од локацијата на која се наоѓа трпи промени во својата структура, па така трчањето е далеку полесно веднаш до обалата каде тој е мокар и компактен, за разлика од сувиот песок на самата плажа кој што нуди една далеку потешка тренинг варијанта. Овој совет нека ви биде добар почеток во џогингот на плажа. Ако се прашувате за типот на обувки за ваков тип на трчање, босите нозе во компарација со патиките водат бидејќи мекоста на песокот овозможува да немате потреба од патиките. Сепак, босото трчање правете го со внимателност затоа што мускулите и целите нозе не се навикнати на вакиот терен, па ако сте невнимателни можете да се повредите. Особено внимавајте на првите пати, каде што најубаво е да направите лесен џог за добро да се прилагодите. Внимавајте на сонцето, изберете утро или зајдисонце, користете заштита за кожата и главата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*