Home / Кондициска подготовка / Бидете активни – одржувајте го здравјето

Бидете активни – одржувајте го здравјето

sport22Редовната физичка активност е важен дел за да се биде  здрав и да се одржува здравјето. Поттикнувањето на децата и тинејџерите да бидат активни  од рана возраст им помага рано да создадат добри навики  и да ги развиваат потребните способности за да продолжат  да бидат активни во текот на целиот живот. Редовната физичка активност им помага на децата  и тинејџерите:
– здраво да растат и да се развиваат
– да развијат цврсти коски и мускули
– да ја подобрат нивната рамнотежа и да развиваат  способности
– да ја одржуваат и развиваат нивната флексибилност
– да имаат и одржуваат здрава телесна тежина
– да ја подобрат кардиоваскуларната форма
– да го намалат стресот и да се чувствуваат поолабавени
– да го подобрат држењето на телото
– да ги зголемат самодовербата и самопочитта
– да се забавуваат со нивните пријатели и да се  запознаваат со нови.
Децата и тинејџерите кои не се занимаваат доволно со физичка  активност се изложени на поголема опасност да станат дебели  повеќе отколку што треба или прекумерно. Тоа ќе придонесе да  им биде потешко да бидат активни и да држат чекор со другите  при спортски активности или игри. Ако децата имаат прекумерна тежина, тоа исто така може  да предизвика тие да бидат повеќе склони да заболуваат  од болести како што е астмата, да имаат рамни стопала  и да ги шинуваат зглобовите. Долгорочно, прекумерната  тежина може да придонесе до појава на болести како  на пример, висок крвен притисок и холестерол, срцево  заболување, дијабетис вид 2 и заболување на црниот дроб. Истражувањата ни кажуваат дека знаците кои  предупредуваат на овие болести може да се појават кај  тинејџерите со преголема телесна тежина дури на возраст  од 15 години.

Пет начини  за здрав  начин на  живеење:

1. Јадете помалку  ужинки и  изберете нешто  поздраво

2. Исклучете го  телевизорот  или компјутерот  и бидете  активни

3. Бидете активни  секој ден

4. Изберете  вода како  пијалок

5. Јадете повеќе  овошје и зеленчук

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*