Овие зборови пред повеќе од девеесет години во 1922 год., беа зборови на тогаш осумнаесет годишниот американски спортист Ралф Семјуелсон. Тој го објави формирањето на новата спортска дисциплина – скијањето на вода.Тогаш тој беше првиот кој скијаше на водата, а воедно и го популаризираше овој спортот, но исто така и прв кој настапи со скокови во скијање на вода. Неколку години подоцна , на 27 октомври 1925 год, Фред Волер ги патентираше и првите скии за на вода. Додека пак скијањето на вода релативно брзо почнува да се шири во модерни американските , а потоа европските елитни одморалишта како форма на забава и адреналинска атракција. Натпреварите во скијање на вода почнуваат да се организираат и пред втората светска војна, но поголем и посериозен систематски развој на скијање на вода како спорт се одвива по војната. Меѓународната спортска федерација за скијање на вода (International Waterski and Wakeboard Federation) е основана во 1955 година. Од страна на Меѓународниот олимписки комитет е призната во 1967 година, а како демонстративен спорт скијањето на вода е презентиран на Олимпијадата во 1972 година во Минхен. Во скијањето на вода разликуваме неколку натпреварувачки дисциплини и тоа: класично скијање, слалом и скокови.
проф. Ангелче Гушев