Активното физичко тренирање заедно со правилна исхрана, најмногу придонесува за здраво слабеење. Најефикасни вежби за согорување на маснотиите се состојат од кардио тренинг, но и вежби за сила кои помагаат во обликувањето на телото. За здраво да изгубите килограми, изберете спорт или физичка активност која најдобро одговара на вашите потреби. Затоа ви претставуваме неколку физички активности со кои успешно ќе согорувате калории.
1. Пливање
Иако е зима и температурите се прилично ниски, тоа не значи дека не можете да продолжете со уживање во пливањето (секако, доколку местото на живеење ви го дозволува тоа). Час време активно поминато во базен го обликува целото тело и согорува 800 калории. Пливањето е број 1 вежба за слабеење.
2. Веслање
Спорт кој ги обликува рацете и трупот е дефинитивно веслањето, а помага во изградбата на мускулната маса, а согорува 500 до 600 калории за час време.
3. Вежби за сила
Иако кардио вежби се клучни за слабеење и согорување на маснотиите, немојте да ги занемарите и вежбите за сила. Час време дигање тегови согорува 200 калории, а тренерите препорачуваат вежбање три пати неделно по околу 30 до 40 минути.
4. Тенис
Тенисот е забавен спорт кој исто така помага во слабеењето. Бара постојано и брзо движење што е идеален начин за согорување на калориите.
5. Групни спортови
Спортовите како што се фудбал, кошарка, ракомет, бараат постојано движење и трчање со различна брзина и интезитет. Ваквата кардиоваскуларна активност помага во брзо согорување на мастите, а групните спортови се и забавни.
6. Трчање
Едноставен, но навистина ефикасен начин за слабеење е трчањето или џогингот. На почетниците им се препорачува да комбинираат бавен и лесен џогинг со кратки спринтови и брзо одење. Ваквиот интервален тренинг успешно согорува калории.
7. Возење со велосипед
Без оглед на тоа дали ќе биде орбитрек или ќе возете велосипед во природа, тоа е добар начин за согорување на калории. Со околу 1 час возење, за брзо време ќе дојдете до целта – здраво и убаво тело.
8. Одење
Брзото одење е најлесната физичка активност, а ги обликува нозете, стомакот и колковите. Одењето по нагорнина или по нерамни терени, планина или шума, согорува повеќе калории.Наместо возење со автомобил или јавен превоз, пешачете до работното место бидејќи пешачењето позитивно влијае на здравјето.
9. Скокање
Секој вид на вежба која вклучува облик на скокање придонесува во согорувањето на калориите. На пример скокање на јаже или трамболина се полн погодок.Скокањето на јаже согорува повеќе од 700, а на трамболина 400 калории. Тренингот кој се состои од чучњеви и скокање исто така е одлична активност за согорување масти и зајакнување на мускулите.
м-р Ангелче Гушев