Во Велика Британија од 2002 година се спроведуваат неколку национални програми со следната цел – развој и зголемено вклучување на учениците во наставата по физичко и здравствено образование и училишен спорт и тоа под заедничко име – „The national PE, School Sport and Club Links strategy” (Department for Education and Skills, DfES), Department for Culture, Media and Sport, DCMS, 2005). Една од програмите е и т.н програма „School Sport Partnership Programme” која што вклучува повеќе од 21.000 основни училишта во Велика Британија. Како резултат од реализирањето на оваа програма секоја година се анализираат различни показатели од училишниот спорт во Велика Британија. Воедно се и објавени и повеќе документи под името „School Sport Survay”. (Department for children, schools and families, DCSF, 2007). Пред почетокот на програмата „School Sport Partnership Programme” во Велика Британија само 25 % деца биле вклучени во наставата по физичко и здравствено образование и во училишниот спорт. Во учебната 2003/2004 споменатата програма опфатила 8.105 основни училишта и вклученоста на децата во наставата по физичко и здравствено образование било со 2 часа недело плус еден дополнителен училишен час за училишен спорт. Во тие училишта спортската опфатеност на учениците изнесувало 62 %. Во учебната 2006/2007 година преку програмата биле вклучени 21.745 училишта, а преку програмата биле вклучени 86 % од учениците, со што била достигната стратешката цел за вклучување на 85 % ученици во наставата по физичко и здравствено образование и училишен спорт. Во оваа учебна година во Велика Британија нај пополуарен спорт во рамките на училишниот спорт бил фудбалот. Дури во 98 % училишта во Велика Британија постоеле фудбалски секции, потоа следеле секции во атлетика во 92 % училишта, секции во крикет во 89 % училишта. Во меѓу одделенските спортски натпревари учествувале дури 71 % од учениците , а 37 % ученици учествувале во меѓу училишните спортски натпревари. Училишатата во Велика Британија преку програмата успеале да понудат на своите ученици дури 16 различни спортски секции, а секое училиште успеало да оствари соработка во просек со 6 различни спортски клубови .
проф. Ангелче Гушев, извор: (DCSF, 2007)