Home / Индивидуални спортови / Уметничко лизгање

Уметничко лизгање

ulУметничко лизгање е зимски спорт во кој што поединечно, во двојка или групно со лизгање на мраз и со помош на други елементи, најчесто музичка композиција, се изведуваат различни чекори, вртења и скокови. На официјалните натправрувања, натпреварувачите во овој спорт се натпреваруваат во 4 дисциплини: поединечно во женска конкуренција, поединечно во машка конкуренција, танцови двојки и спортски двојки. Натпреварувачите, исто така се натпреваруваат и на различни натпреварувања, почнувајќи од почетниците, кои се натпреваруваат на локални натпревари и завршувајќи до најдобрите, кои се натпреваруваат на најсилните меѓународни натпреварувања. Уметничкото лизгање е олимписки спорт со натпреварувања на сите зимски олимписки игри. Во некои јазици, името на овој спорт е „артистичко лизгање“. Во светски рамки, официјална организација во спортот е Меѓународната лизгачка организација (ISU), основана во 1892 со седиште во Лозана. Голем број на меѓународни натпреварувања се санкционирани од страна на ISU, како што сенатпреварувањата на Зимските олимписки игри, светските првенства, европските првенства, првенството на четири континенти и гран-при натправрите.

Дисциплини
Постојат голем број на различни дисциплини во уметничкото лизгање, но олимписки дисциплини се следните:
• Поединечно лизгање – натпревари во машка и женска конкуренција, пришто натпреварувачите изведуваат скокови, вртења, низи од чекори, спирали и други елементи, коишто се предвидени во програмата.

• Спортски двојки – двојка сочинета од лизгач и лизгачка изведува елементи, карактеристични за поединечното лизгање, но и некои специфични елементи за лизгањето на спортски двојки, како што се скоковите со исфрлување (лизчгачот ја исфрла лизгачката, која го изведува техничкиот скок), држења (лизгачката е придржувана од лизгачот над неговата глава во различно позиции), вртења во двојки (лизгачот и лизгачката изведуваат ист елемент едновремено), спирали на смртта и други елементи.

• Танцови двојки – станува збор за натпреварувње на двојки, сочинети од лизгач и лизгачка, но за разлика од спортските двојки, оваа дисциплина повеќе се фокусира на изведувањето на танцовите елементи и движења, во склад со музиката. Во оваа дисциплина, држењата не смеат да се изведуваат над рамената на лизгачот.

Други дисциплини во уметничкото лизгање се:
• Синхронизирано лизгање – групи составени од 12 до 20 лизгачи и лизгачки изведуваат едновремени прецизни движења и поделени во помали групи формираат различни формации. Најчести формации се различни видови на кругови, многуаголници и линии. Потребата од синхронизација во движењата и изведувањето на елементите ја рави дисциплината доста сложена и тешка.

• Задолжителни фигури – лизгачите ги користат своите лизгалки за да цртаат кругови, фигури во форма на бројот 8 и други слични слики на мразот. Овие цртежи се оценуваат од страна на судиите за нивната точност и јасност, а се оценуваат и движењата при нивното цртање. Ваквите фигури, порани биле дел од натпреварите во поединечно лизгање, но биле укинати во 1990. Денес, овие фигури ретко се изведуваат.

• Лизгачки вештини – станува збор за дисциплина во која се изведуваат различни движења, кои го покажуват стилот на слободното лизгање, наместо да се цртаат различни форми на мразот. Денес, оваа дисциплина има поголема популарност од дисциплината „задолжителни фигури“ и многу други.

Опрема
Лизгалки
• Лизгалките, кои ги носат натпреварувачите во уметничко лизгање се разликуваат од оние во хокеј на мраз. Воочлива разлика е тоа што, лизгалките во уметничкото лизгање имаат шилести запци на рабовите, наречени „врвови на острица“. Овие врвови имаат и своја улога, а тоа е нивната употреба при изведувањето на скоковите, но истите не смее да се употребваат при лизгањето и изведувањето на вртењата.
• Рабовите се изработуваат од челик и се со дебелина од 3 до 4 милиметри. вградени на чизмите со помош на завртки. Најчесто, врвните натпреварувачи се опремуваат со лизгалки од најугледните брендови, достапни на нивното подрачје на живеење.
• Лизгалките, кои ги носат натпреварувачите во танцови двојки се со нешто пократок заден дел за да се овомзможи полесно приспособување на сложените движења со нозете и поголема блзиина при лизгањето заедно со партнерката/партнерот.
• Кога лизгачите се надвор од мразот, рабовите на лизгалките се заштитуваат со рамки од тврда пластика. Овие заштитни рамки го заштитуваат работ од ситни материјали кои може да го затапат работ. За заштита на остриците се употребуваат и меки рамки, кои го апсорбираат згуснатиот воздух и го заштитуваат работ од ‘рѓа, кога лизгалките не се носат.

Облека
• Лизгачите, обично се облечено во тенки панталони, а лизгачките може да бидат облечени во краток фустан или панталони, но кратките фустани се многу попопуларни. Лизгачките, исто така, под фустанот носсат и месобојни затегнати панталони, кои може да бидат доста долги, дури покривајќи ги и лизгалките. Лизгачите мора да бидат облечени во панталони, кои не може да бидат затегнати.
• Натпреварувачките костуми за лизгачите од обата пола може да бидат театарски, украсени со капоцени предмети и може да бидат многу скапи. Поради носењето на месобојни костуми, имало повеќе барања за забрана на облекувањето, кое остава впечаток на разголеност, што е несоодветно за натпреварите.

Многу лизгачи и лизгачки имаат театарски изглед, со невообичаени фигури.

 

 

м-р Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*