На 5.11.2013 год. (вторник) во Општина Велес се одржа тркалезна маса со работници од областа на спортот на која што беше разгледана Нацрт-програмата за спорт во 2014 година. Средбата ја отвори заменик-градоначалникот др. Горан Јовиќ кој пред присутните ја истакна важноста од една ваква презентација на идните планови на општината. Овој нов начин на презентација на програмите е значаен момент во насока на транспарентно и отчетно работење но и во насока на зајакнување на партнерството кое што локаланата самоуправа го има со работниците од доменот спортот. Од страна на општинската администрација целосно беше презентирана Нацрт-програмата за 2014 година по што се отвори дискусија во која присутните ги изнесоа своите размислувања и ставови во врска во однос на програмата и во однос спортските активности во градот.
превземено од: www.facebook.com/pages/Општина-Велес