Еден од основните проблеми за ефикасно спроведување на физичкото воспитување на младите се матријалните услови. Правилната и современа работа на физичкото воспитување бара и одредени простории, справи, реквизити и друго. Нашата сегашна материјална база во последните години со поддршка на државата се подигна на високо ниви (изградба на повеќенаменски игралишта, спортски сали, реконструкција на спортски објекти,) но сеуште е мала за развој на физичката култура. Спортски површини и објекти не треба да се градат без систем, техничко примитивно и без избор на добра локација. Тие треба да се решаваат во рамките на урбанистичкиот план на еден град или поширокото подрачје. Не треба единствената цел на спортските објекти да биде да собираат што повеќе гледачи. Рентабилноста на спортскиот објект не треба да се гледа од позиција на бројот на гледачи, туку од бројот на спортисти кои во него може да се соберат и да ја користат.
Интересни се наводите на еден архитект од Загреб, за едно игралиште во кое денеска десетина илјади гледачи ја гледаат играта на 22 активни спортисти, да речеме фудбалери, а се трошат високи суми на финасии. Таа сума би можела да се употреби за 40 000 м2 површина, која би задоволила дневни потреби на околу 6 000 деца и млади. Разноразни објекти, места и провршини се потребни за физичко воспитување на младите , а и граѓаните воопшто. На земја и во воздух, на мраз и на снег, во вода и на вода, со сопствена сила или со помош на справи и механизми, секој поединец, сам или колективно настојува да постигне што повеќе лична телесна култура и вештина, што подобри резултати или рекорди. Сите тие различни објекти и површини можат да се поделат спрема гранките на спортот, спрема нивната големина, спрема место на градење, спрема нивната намена и друго. Најопшта поделба би била на објекти и површини кои служат за рекреација и објекти кои служат во атрактивни цели и развој на врвен спорт.
Спорските центри, односно спортските паркови, се спортски објекти и места кој служат за рекреација, освежување, разонода и одмор. Со создавање на спортски паркови кој содржат низа спортски површини и објекти, а кој се меѓусебно поврзани со паркови, тревни површини и разни шумски насади. Голема грижа треба да се води при избор на терен за спортски објект. Теренот треба да биде што порамен, да има ножност за исцедување на водата (дренажа), по дожд и снег, да не се собира вода. Треба да се избегнуваат прашливи патишта, разни индустриски објекти и фабрики во близина на спортските објекти , а воедно треба да се и доволно оддалечени. При избор на терен за спортски објект во прв ред идат оние кој се наоѓаат во пошумени предели, паркови или да се во нивна непосредна близина. Доколку е тоа невозможно треба да се пристапи кон планско пошумување, односно озеленување на сите околни слободни површини. Зеленилото треба дас е одгледува за да не загуби вака важниот фактор кој високо го подигнува квалитетот на здраствените услови при спортските вежби. А за правилна изградба ќе изнесам некој основни технички податоци за некој спортски објекти кој најчесто се градат кај нас :
Игралиште за фудбал : теренот со димензии обично 70 на 105 метра, опкружен со лесно атлетска стаза. Теренот обезбеден со систем за одцедување на водата (дренажа). Одводнување на теренот со помош на дренажа бара поголеми материјални средства. Најдобри терени за фудбал се оние чија површина е покриена со ниско косена трева. Теренот треба добро да се зацврсти и да се употреби по првото пролетно косење на тревата. За да се зачува тревата треба да се предвидат помошни терени за тренинг.
За трибините треба да се користи природниот пад кон теренот кој треба степенасто да се засече. Во случај теренот да е рамен, треба да се направи насип од земја. Тоа овозможува етапно зголемување на гледалиштето. Трибини треба да се градат од метаални конструкции , бидејќи подолго траат и рационално е да се употребуваат. Лесно атлетската стаза околу фудбалското игралиште изнесува 400м. Пред трибина должината е 135м. Стазата треба да е од тартанска подлога поена со дренажа како би била употреблива и по најголеми дождови. Стазата треба да биде оградена со ивичњак од тула, бетон висок 5см., но без остри ивици.
Игралиште за одбојка. Димензии 9/18. Теренот треба да е сосема рамен без оглед дали е обична земја или дренажа. Височина на мрежата за мажи 2,44м. за жени 2,30м., мерено од земјата до горната ивица на мрежата. Околу теренот 2 метри слободен простор. Одбојката може да се игра и во гимнастички сали со димензии 12/24.
Игралиште за кошарка. Димензии на теренот 14/26. Површината треба да е рамна и цврста, скокањето на топката да биде правилно. Кошарката е спортска игра која кај нас се игра и надвор, при убаво време. За кошарка може да се употреби и терен од добро израмнета земја но треба да се спречи кревањето на прашина, потоа асвалтирани игралишта. Столбовите на кошеви можат да бидат од дрво, метал или бетон. Гимнастичките сали може да се димензираат така што во нив може да се игра и кошарка. Потребни димензии на салата би биле 18/30 тоа бара скапа конструкција но е важен условот за масовност на овој спорт.
Други спортски објекти, места и површини за спортски игри:
– Скокалиште за скокање со стап, во далечина и троскок.
– Места за фрлање диск, ѓуле, кладиво и копје.
– Вежбалната и просторот за справи.
– Гимнастички сали.
– Рингови за бокс и борење
– Планинарски, скијачки, туристички, ловечки стази и објекти.
– Скијачки скокалници
– Јавачки, мотоциклистички патеки и стази
– Велосипедски стази и писти
– Едриличарски и воздухопловни површини и друго.
Иградба на планински куќи има за цел нашите планини што поскоро да ги направиме пристапни на што поголем број планинари, рекреативвци и останати љубители на планините, а особено за младите и работноспособните граѓани од густо населените градови. Овие куќи треба да бидат со минимално една просторија која би служела како дневна и спална, една мала прирачна кујна, еден мал влез кој ќе служи за оставање скии опрема и планинарски прибор. Треба да поседуваат тоалет и бања. Планинарските куќи треба да се распоредат по планините што истите би служале како и прифатни станици на мрежата на големи планинарски домови кои би требало да се изградата во најскоро време.
Поебно ќе ги третираме спортските објекти на плвачкиот спорт: пливалишта и базени.
Нашата република, ако се одземе охридското, преспанското, дојранското и мавровското езеро како и делимично вардар, нема многу поволни услови за унапредување пливањето. Затоа треба да се изградат поголем број на затворени пливачки базени и пливачки објекти со што ќе дојде до забрзано унапредување на пливањето, ватерполото, скоковите во вода, синхроното пливање. Затоа кај нас и нема при сегашните услови развиток на пливачкиот спорт. Но треба да знаеме дека една земја не треба да има море па да има и развиен пливачки спорт. Како пример нека служи Унгарија, која, иако нема излез на море денеска претставува една од вод ечките нации во светот во пливачкиот спорт. Но во Унгарија е изграден цел систем на пливачки отворени и затворени спортски базени. Најлесно кај нас може да се уредат пливалиштата на нашите езера каде е најважно да се одбере добро место, кое треба да биде во завет и далеку од каналски испусти и други нечисит места. Тука треба само да се постават мостови за старт и цел кои обично се прават од дрвена или метална граѓа. Најдобра длабочина на водата на овие пливалишта е 2 метра. За наши услови едниствен излез би биле спортски пливалишта базени- кои можат да го подигнат пливачкиот спорт кај нас. Во нашите градови изградени се низа пливачки мали базени но тие не ги задоволуваат спортски и технички услови, така што некои објекти не се употребливи за развој на пливањето тку истите имаат угостителски карактер (ресторани, дискотеки). Прв и најважен услов за едно пливалиште- базен е здрава чиста и бистра вода. Најповолна температура на водата е 18-20о. Димензијата на базенот треба да се одреди така што должината да изнесува 100, 50, 33 и 25м. Најгодна мера е 50 метра. Должина од 33 метра не е најповолна за пливачки такмичења, а овозможува играње на ватерполо. Должина од 25 метра е најзгодна за натпреварување но е недоволна за ватерполо. Препорачливо е за деца да се изградат посебни плитки базени со длабочина од 60см. Таму каде што нема доста вода базените треба снабдат со инсталација за филтрирање и стерилизација на водата. Учење на пливање, со некој помошни справи може да се врши во секој базен, па и во длабока вода, но за помасовно учење на школска младина треба да се градат посебни базени со помали димензии, минимум 10метра долги.
Во новите училишта кој се проектираат и градат треба да се предвидат и базени, како што треба задолжително да се градат и гимнастички сали. Се додека ние немаме квалитетни спортски објекти за физичко воспитување , ќе немаме и добри спортски резултати на државно ниво, а со тоа и неможеме да бараме нашите млади спортисти рамноправно да се натпреварува во полето на спортот со младите од другите земји.
Со оглед на разновидноста на спомнатите спортски објекти од кој некој се од грандиозни размери, со оглед на нивното значење на физичкото воспитување на младите и граѓанинот, а воедно и подигање на неговиот животен стандард, квалитетот на спомнатите објекти, нашите стручни лица , архитектите и урбанистите, имаат можност за усптешно архитетско обликување и урбански композиции. Правилното решавање на тие задачи ќе биде најголем придонес во тоа поле, а се разбира со целосна поддршка на државните институции.
проф. Ангелче Гушев