Граници во спортот не постојат. Што повеќе ги сонуваш, побргу ги достигнуваш. Спортскиот успех не е нешто што се случува случајно – тоа се учи, тоа се тренира, а потоа се споделува со другите. За да се надминат сите бариери во спортското едуцирање, односно да создадеш “шампион“ од себе, е нешто што се создава од длабочината во себе – од желбата, визија и сонот. Во таа насока треба да се има во предвид “СКАЛАТА НА УСПЕХ“. Ова е “СКАЛАТА НА УСПЕХ“. Таа го покажува каков е твојот став кон постигнувањето на целите или задачите кои влијаат на твојата моторичка способност. Скалата укажува да ставот дека “не можам“ не остава никакви шанси за постигнување на успех. Промени го ставот од “не можам“ и “не сакам“ во МОЖАМ – САКАМ – УСПЕАВ
100 % направив сам
90 % ќе направам
80 % можам
70 % мислам дека можам
60 % би можел
50 % мислам дека би можел
40 % што е тоа
30 % би сакал да го можам тоа
20 % не знам како
10 % не можам
0 % не сакам
м-р Ангелче Гушев