Home / Колективни спортови / Ракометот како спортска активност

Ракометот како спортска активност

rakometРакометот е интермитентна спортска активност во која првенствено се користи аеробен метаболизам со интервални активности од висок интензитет, а каде на големо имаме појава на анаеробен метаболизам. Интензитетот на активностите се намалува од првото до второто полувреме , што сугерира на појава на неуромускулен умор во текот на натпреварот. Тренингот кај врвните ракометари треба да содржи вежби кои им овозможуваат реализирање на активности со висок интензитет во текот на целата игра како и да што побрзо се опорават во текот на мали интензивни периоди на игра. Во ракометот важи златното правило:  со поголем степен на дехидратација драматично опаѓаат перформансите на играчот. Многу  малку се внимава на овој податок дури и во врвниот ракомет. Често пати се пие вода поради “про форма“,  одколку  да се внимава на стварната  потреба на ракометарите. Еве неколку научни податоци на оваа тема:
–    надокнадувањето на течности во текот на натпреварот компензираат во просек 88,08 % губење на вода од потењето
–    позитивна релација е воочена помеѓу вкупното  потење и пиење на вода, како и релацијата помеѓу вкупното потење и процентите на телесните масти
Телесните активности во текот на ракометниот натпревар  негативно влијаат  на состојбата на хидратација , па внесувањето на вода мора да се зголеми конкретно кај ракометарите со поголем процент на масно ткиво.
Правилното загревање на  тренингот и/или  натпреварот, овозможува да се постигне пораст на температурата кај мускулите до еден степен целзиус повеќе, а со тоа може да се зголеми силината на мускулите дури за 4 %.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*