Home / Исхрана на спортистите / Придобивки од користење на туната

Придобивки од користење на туната

tuna_steaks_570Туната е една од најздравите намирници за која без сомнеж треба да ја додадете во својата секојдневна исхрана. Таа е одличен извор на висококвалитетни протеини, а која содржи малку масти. Туната е богата со хранливи материи бидејќи содржи минерали како калиум, селен и магнезиум.Освен тоа, таа изобилува и со витамин Б и омега 3 масни киселини кои се многу значајни за здравата исхрана.

Туната е многу корисна за нашето здравје, на многу начини. Таа ги смалува симптомите на депресија, го јакне имунолошкиот систем, го штити срцето, го подобрува здравјето на мозокот и ги ублажува болките во зглобовите. Плодовите од морето, особено туната се единствен природен извор на DHA и  EPA (посебни видови) масни киселини кои го подобруваат здравјето на срцето и мозокот. Ова се и другите здравствени предности на туната.

Спречува рак
Витаминот Е и селенот имаат моќ да спречат одредени видови рак, како што се рак на органите за варење, грлото и дебелото црево, а омега3 масните киселини спречуваат рак на дојката, а го смалуваат ризикот и од заболување од леукемија.
Го одржува здравјето на очите
Состојбата која се нарекува макуларна дегенерација која предизвикува влошување на видот е главна причина за  губење на видот кај лицата постари од 50 години. Омега 3 масните киселини кои се присутни во туната ја спречуваат појавата на оваа состојба.

Губење килограми
50 % од дневните потреби за протеини можете да ги добиете од мала порција туна, што сочинува 110 калории. Замената на мрсната храна со туната ќе ви помогне да ја контролирате својата тежина. Но, внимавајте да не ја комбинирате со мајонез, бидејќи тоа ќе го спречи намалувањето на тежината.hitportal-tuna2

Детоксикација
Селенот кој е присутен во туната е важна состојка за здрав црн дроб. Црниот дроб е орган чија основна функција е детоксикација и ослободување на телото од штетните материи како што се пестицидите, лековите и тешките метали.

Го штити срцето
Редовното конзумирање туна предизвикува намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Омега 3 масните киселини исто така помагаат и во смалување на крвното згрутчување што предизвикува срцеви и мозочни удари. Туната ги спречува и воспаленијата и крвното згрутчување предизвикано од високиот холестерол.

Здрав мозок
Конзумирањето туна како дел од редовната исхрана ќе ви помогне да ја спречите појавата на когнитивни болести и Алцхајмерова болест. Тоа е поради фактот што омега 3 масните киселини спречуваат воспаленија и го поттикнуваат крвотокот. Ниационот кој е присутен во туната исто така игра значајна улога во одложувањето на когнитивното пропаѓање и ја смалува веројтноста од заболување од Алцхајмер.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*