Опрема и реквизити потребни за реализација на овој тест: Сандаче со должина од 45 см., ширина од 40 см. и висина од 32 см. Димензиите на горната плоча се: должина 60 см и ширина 35 см. Оваа горна плоча продолжува во страната на сандачето за уште 15 самтиметри во продолжение на која што испитаникот се потпира со стопалата, а скалата со должина (распон) од 0 до 60 см. е означена на средината на горната плоча со лизгачки ленир кои се наоѓа на скалата на плочата и при изведбата на тестот испитаникот го турка лизгачкиот ленир нанапред со рацете.
Опис на тестот: Испитаникот е бос и седи пред сандакот со поставени стопала кон предната страна на сандакот. Со испружени раце (една преку друга) пред себе, испитаникот не згрчувајки ги колената, тој се наведнува што е можно подалеку со цел да се движи и да го турка лизгачкиот ленир и тоа хармично и без замавнување со телото.
Резултатот се одредува според најдолгата достигната позиција. Се чита резултатот кој е постигнат со врвовите на своите прсти. Тестот се изведува лесно и без насилно движење и без замавнување со телото .
Мерачот треба да клекне пред испитаникот и со притискање на колената се оневозможува испитаникот да ги подигне нозете и колената. Тестот се изведува два пати, а се евидентира подобриот резултат. Резулатот се изразува во сантиметри.
м-р Ангелче Гушев