Home / СУС Велес / Предлози за развој на училишниот спорт во РМ

Предлози за развој на училишниот спорт во РМ

kamp 2013 - 1На редовно годишно собрание на Федерацијата на училишен спорт на Македонија одржано на  26 септември 2013 год. (четврток) покрај другите активности на собранието беа донесени и следните:

ПРЕДЛОЗИ ЗА РАЗВОЈ НА УЧИЛИШНИОТ СПОРТ

 Продолжување со финансирање на спортски објекти и реновирање на постоечките со обезбедување на спортска опрема во основните и средните училишта.

– Обезбедување на финансиски средства за секое основно и средно училиште за наградување на наставниците, односно професорите кои учествуваат во училишниот спорт.

– Отворање на спортски гимназии во поголемите универзитетски центри –Скопје, Тетово, Битола, Штип и други, каде ќе се прифаќаат спортските таленти и ќе се обезбеди пристап за тренинг за врвни резултати.

– Ангажирање на триесет училишни спортски координатори во поголемите Општини во Република Македонија.

– За учениците од одделенска настава да се организира забавен училишен спорт во рамките на училишните спортски клубови, односно општинските здруженија за училишен спорт.

– Да се овозможи вработување на наставници по физичко и здравствено образование во одделенска настава.

– Секое основно и средно училиште задолжително да учествува со најмалку два спорта на општинско – градско ниво во системот на натпревари.

– Спортовите кои тешко се одржуваат со самофинансирање (атлетика, гимнастика, бокс, борење, кајак, пинг[1]понг, шах и други) да се поддржат од централната и локалната власт преку училишните спортски организации.

– Да продолжи поддршката за формирање на училишни спо ртски клубови.

– Системот на натпревари да се збогати со повеќе возрасни категории усогласени со Меѓународната федерација за училишен спорт (ISF) и со повеќе натпревари во лига систем на сите нивоа (училишно, општинско, зонско, регионално и национално – државно).

– Вклучување во системот на натпревари во училишниот спорт на лица со телесен инвалидитет, како и ученици со пречки во развој од специјалните училишта.

– Да се регулира со Правилник приоритет за користење на училишните и други спортски објекти од страна на училишниот спорт преку училишните спортски клубови односно здруженија, кои се членки во Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

– Континуирана обука во училишниот спорт и воведување на лиценци.

– Создавање на информациски систем за следење на физи чкиот развој, моторичките и функционалните способности на учениците.

– Вработување тренери во училиштата.

 

 Федерација на училишен спорт на Македонија,
Претседател
Проф. Др Александар Туфекчиевски

One comment

  1. Ми се допаѓа тоа што има иницијатива за вработување на наставници по физичко и здравствено образование во ооделенска настава затоа што потребата е огромна бидејќи со оваа проблематика работам веќе 7 ма година на волонтерска база,а исто така добро е и тоа што има иницијатива за вработување на тренери во училиштата кои ќе бидат задолжени за тренирање на училишните екипи по сите спортови или одреден спорт како што е во западно европските земји.
    Меѓутоа за овие две работи треба мислам најмногу да се притиска и лобира до одредените структури да мозиме и ние невработените да си најдеме место за работа и да се докажуваме во полето на спортот. Поздрав од колегата Дарко Цеков,Кавадарци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*