Овој комплекс на вежби е препорачан за превенција и лечење на проблемите со рбетниот столб се со цел да се обнови и зачува подвижноста на рбетниот столб како и за функционирањето и јакнењето на интервертебралните дискови. Може да се работи секојдневно како утринска гимнастика , не одзема многу време и тоа само 5 минти. Работејќи ги овие вежби ќе го одржите својот рбтен столб по флексибилен и еластичен. Овој комплекс на вежби повеќе од 15 години го препорачува и успешно го применува во својата работа неуролог од Киевскиот регионален центар за спортска медицина А.Н. Литвиненко.
Константните вежби за рбетниот столб ќе ги стимулираат обновувањето и јакнењето на пршлените со што вашиот рбет ќе биде по еластичен и флексибилен, а воедно и здрав. Во случај да сте имале сериозна повреда или пак оперативен зафат , пред практикувањето на овие вежби задолжително консултирајте се својот матичен лекар. Петминутните вежби за здрав рбетен столб работете ги со седум пати повторување.