Октакосанолот се наоѓа во маслото од пченични ркулци, но со многу поголеми концентрации овој додаток се наоѓа во голем број на спортски суплементи. Ергогеното влијание на овој суплемент е прикажан во голем број на студии каде што точно се покажани дејствата на oктакосанолот. (Octacosanol supplementation increases running endurance time and improves biochemical parameters after exhaustion in trainedrats. Kim H, Park S, Han DS, Park T). Користењето на oктакосанолот резултира со значајно зголемена активност на креатин фосфокинаса во плазмата (44 % зголемување,P <0,01) и активностите на цитрат синтезата во мускулите (16% зголемување, P <0,01). Резултатите покажуватда дека ергогените својства на oктакосанолот го штедат мускулниот гликоген и го зголемуваат оксидативниот капацитет на мускулите.
м-р Ангелче Гушев