Повеќе од 50 поранешни кошаркари – ветерани на 1.9.2013 год, (недела) во спортската сала при ООУ “Блаже Конески“ со почеток во 11.00 часот, учествуваат на шестиот по ред меморијален турнир „Тони Виларов 2013″. На турнирот, се одиграат натпревари помегу екипи на кошаркари ветарани на Тиквеш од Кавадарци, Пелистер од Битола, кошаркари од Скопје и домакините од Велес. На турнирот се видоа добри натпревари, во кој резултатот не беше во преден план, туку оддавањето почит на Тони, кошаркарот кој повеќе од 10 години го носеше дресот на велешки Борец, Жито Вардар, Велес 2000 и во својата кариера даде значаен допринес во успесите но и развојот на овој спорт во градот. Традиционално овој турнир беше потпомогнат од Советот на Општина Велес, неговото семејство и пријателите на Тони во знак на почит и сеќавање.
проф. Ангелче Гушев