Поимот личен тренер може да се дефинира како: стручна и квалификувана личност која е способна да комплетира и спроведува индивидуално дизајнирана програма за вежбање , врз основа на потребите и целите на секој клиент. Личниот тренер е лице кое ви го планира својот тренинг, ве прати за време на вашиот тренингот , ве придружува, ги следи вашите грешки и ве предупредува на истите , тој ве охрабрува и мотивира при вежбањет. Личниот тренер ве води низ целиот систем на тренинг од почеток до својот максимум и редовно ја проектира вашата обука. Како што телото се прилагодува на оптоварувањата предизвикани од тренингот тој понатаму ви одредува различни форми и видови на тренинг. Разликуваме повеќе видови на тренери и тоа: индивидуални тренер (работи со клиентот 1 : 1, тренерот демонстрира, следи, ревидира и ја спроведува програмата за вежбање ), спаринг партнери (вежба заедно со клиентот , ги мотивира и охрабрува клиентот) , фитнес консултант (консултација со клиентот и врз основа на собраните информациите од него , ја проектира програма за вежбање, која потоа клиентот сам ја спроведува, а консултантот (тренерот) само ги наплака консултантските услуги). Тренер како одговорно лице, треба клиентот да го запознае и со некои контраиндикации од вежбањето, затоа што корисникот самиот за време на вежбањето може да се стекне со мала неудобност, замор и болка , која може да биде причина и за некоја повреда.
проф. Ангелче Гушев
здраво почитувани,
голем поздрав и честитки за корисните и едукативни статии во врска со децата и младите.
можеме да видиме како е во некои други европски држави а не си ги знаеме состојбите кај нас, или пак, се знаат а малку се превзема да се променат.
јас сум пингпонгарски тренер во ОО Х.Т.Карпош и работам со 20-на деца на волонтерска основа без финасиски надомест, баш напротив вложувам од себе и пари и време, тоа е мој придонес и желба, но каде се другите фактори во државата, да не ги набројувам, или пак сите се во потрага на лесна и голема заработувачка на терет на младите (читај родителите).
ако имате материјали од областа на пинг-понгот во делот на физичка подготвеност, Ве молам пратете ми или ме упатите на адреса.
поздрав и се слушаме,
Златко