Врз основа на огласот објавен од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот , за доделување на договор за јавна набавка на услуги за расчистување, уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо рабли, мапи и патокази и истите да се мапираат предвидените рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес како економски оператор учествуваше на Огласот. Огласот распишан од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, одредот од Велес конкурираше за уредување на пет патеки кои се наогаат во Општина Чашка и тоа: патеката наречена – Нова Македонија која што е на релација с. Голозинци – с. Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци во должина од 16 километри и четири патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: пристапна патека с. Богомила-Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени-врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени.
На 11.12.2013 година во просториите на Агенцијата старешината на одредот Ангелче Гушев го потпиша договорот за реализација на превземените обврски по огласот. Во рамките на оваа програма Агенцијата за поддршка и развој на туризмот на Република Македонија и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија во периодот од 11 – 13.10.2013 год., во планинарскиот дом “Караџица“ организираше тридневна обука за маркацисти на планинарск патеки. Во рамките на обуката се обработуваа следните области: потреба и важност и организација на маркацисти и закон за планинарски патетеки и документација за планинарските патеки. Покрај теоретската обука имаше и практична работа на терен , а тоа беше техниката за бележењето на планинарски патеки и грижи за природата на патеката и на планината, тежина и оптовареност на планинарска патеката и алат и средства за заштита на планинарски патеки. Третиот работен ден на овој семинар за маркацисти беше посветен на практичната техника на поставување на патеки. На овој семинар на покана на гореспоменатите институции Ангелче Гушев и Димитар Јорданов.Покрај нашите одредски преставници од Велес учество земаа преставници од ЕГ “Грин Пауер“, ПД “Металург“ и ПД “Солунска глава“ . Уредувањето на планинарските патеки ке започне веднаш по новогодишните празници. Со ова како организација докажавме како треба да се промовираат убавините на Централна Македонија – реонот на Азот.
проф. Ангелче Гушев