Home / Методика на ФЗО / Карактеристиките на еден спортски тренер

Карактеристиките на еден спортски тренер

lino-ccervar-e1359119367296Тренер е личност која ги води играчите, ги подучува и тренира спорт или спортски клубови. Покрај физичките и техничките припреми, тренерот исто така може да врши и психичка припрема на спортистите со цел што подобри припреми на истиот за натпреварувањата кои му предстојат.
Кога станува збор за тимските спортови, тренерот, покрај веќе споменатите функции, врши и селектирање и ја дизајнира стратегијата со која тимот ќе се справува и применува во предстојните натпревари. Исто така, тренерот е задолжен да ги гледа, анализира и проучува ривалите и ривалските стратегии.
Тренерот се раѓа исто така како што се раѓа натпреварувачот. Неможе да се биде добар ако сте ја прочитале секоја можна литература. Добро е да читате и да се усовршувате и тоа треба да го практикувате, но главно е како да  се подготвите  и поставите. Е тоа е талентот на тренерот .  Основни насоки за успешна работа на тренерот се следните кои треба да ги знае:
–    секоја индивидуа (личност) е единствена
–    поставете разумна (но предизвикувачка) цел
–    направите глобално – тематски план
–    планот да се темели на развој на способностите
–    бидете флексибилни во планирањето
–    развивајте добра био механика
–    различностите во работата – е начин на живење
–    работете по принцип на брановидност
–    подобра е подтренираноста одколку претренираноста
–    давајте информации за правилна исхрана
–    давајте препораки за  доволно одмарање
Целокупната програма за работа се темели на првото начело – секоја индивидуа (личност) е единствена. Планирајќи го тренингот искористете ги и развијте ги сите квалитети и зајакнете ги слабите страни. Затоа никогаш немојте да ги копирате туѓи програми затоа што секое тело и организам не е ист. Затоа треба да се пронајде и прилагоди програма со која вие ќе бидете успешни, а со тоа и некоги ќе го направите супериорен и квалитетен.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРЕНЕРОТ
–    интелегенција (нешто поголема во однос на членовите на тимот или групата)
–    емоционална стабилност
–    социјална и емоционална интелегенција
–    сигурност во себе и самопочитување
–    имање на адекватно стручни познавања
–    работни квалитети
–    организациони способности
–    смисла за соработка односно кооперативност
–    вештини на комуникации
–    иницијативност
–    тактичност
–    екстравертност
–    енергичност и издржливост
–    победничка психологија
–    храброст
–    реален self- концепт
–    непосредност
–    одговорност
–    контролно – интернален локус
–    свесност
–    морални квалитети
–    смисла за хумор

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*