Home / Кондициска подготовка / Како да ги стопиме мастите

Како да ги стопиме мастите

1_51fac7a440b15Истражувачи воделе осум месечно истражување со 119 возрасни луѓе со прекумерна тежина. Првата група изведувала аеробни вежби (20 километри неделно трчање, пливање, возење велосипед), втората група дигала тегови (три сетови, 8-10 повторувања дневно осум вежби со тегови, три дена неделно) и третата група правела комбинација од аеробни вежби и дигање тегови три пати неделно – и тие трчале по 10 км неделно. Оние од првата и третата група изгубиле килограми и масти многу повеќе од оние во втората група кои дури и ја зголемиле тежината.

Можеме ли да веруваме во ова?
Делумно. Пред да почнете со дигање тегови (знаеме дека тоа многу луѓе го прават), да се вратиме малку назад. Групата со тренингот за сила добила на мускулна маса, но дел од тоа е поради мастите кои се наталожиле околу мускулите. Понатаму, зголемените мускули го активирале хормонот за раст кој го забрзал метаболизмот, што значи дека по одредено време тоа ќе помогне во губењето на мастите. Групата која ги правела комбинираните вежби исто така добила мускули. Но многу важен фактор кој не е земен предвид е исхраната, иако внесот на храна кај учесниците бил следен во текот на осумте месеци. Оние учесници со аеробните и комбинираната група низ осум месеци го промениле режимот на исхрана: го намалиле внесот на масти, јаглехидрати и протеини. Кај групата која тренирала со тегови, внесот на намирниците за енергија останал поголем. Бидејќи храната не била контролирана во текот на овие 8 месеци, тешко е да се предвиди дали учесниците јаделе иста количина. Групата кој постепено го намалила внесот на калории изгубила најмногу, што зборува за една од предностите на аеробниот тренинг над тренингот со тежини.
Сепак, не смееме истражувањето да го оставиме на страна. Ова не е прво истражуввање кое споредува резултати од кариот тренинг во однос на тренинг за сила. Аеробниот тренинг е најдобар начин за согорување на мастите во најкраток временки период.

trcanjeШто друго е важно?
Иако многу се зборува за ова истражување, резултатите сепак не се толку вознемирувачки. Можеби поголемо внимание предизвикува реакцијата што комбинираната група изгуби повеќе килограми но доби мускули, а не аеробната група која изгубила најмногу масти.
Секако, кога се гледа краткорочно, науката покажала дека аеробниот тренинг е одличен начин за да се изгуби мала тежина. Кардио тренинг – посебно брзите спринтови можат да помогнат да се согорат мастите, да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести и да се зголеми свеста кај луѓето. Но ако согорувањето на мастите е нешто што подолго време го сакаме да го правиме, тогаш дигањето тегови е доста важно. Со самиот раст на мускулите се забрзува и метаболизмот. После сè, групата која може да направи комбиниран тренинг, добива мускули и ги топи мастите што всушност е идеалната комбинација за постојан тренинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*