Home / Методика на ФЗО / Играта во природа е магична и незаменлива

Играта во природа е магична и незаменлива

Не постои упатство за игра во природа. Децата само создаваат правила и во тој процес ја користат својата креативност, интелегенција, сонување и преговарачките способности на уникатен начин. Јас како долгогодишен почитувач и организатор на активности во природа можам да го истакнам следното: “… на децата им треба слобода и време за игра.“ Играта е неопходна. Низ неструктуирани, отворени и креативни движења децата успеваат да ги научат правилата на светот околу нив. Додека си играат во природа , децата истражуваат со своите чуства, откриваат нов живот, создаваат замислени светови и меѓусебно преговараат за да би создале свое опкружување кое е способно и квалитетно за играње.

1.Играта во природа е активност која ги опфаќа сите сетила
Додека се надвор, децата ќе ги видат, слушнат,помирисаат и допрат предметите кои не им се на располагање додека се внатре – во училница, во кабинет, во домашна просторија. Нивниот мозок на едноставен начин работи додека се обработуваат новите предизвици и потикнувања.

2.Играта во природа го поврзува неформалното образование (играта) со формалното учење.
Децата можат на практичен начин да променат концепти кој ги имаат научено на училиште, а се додека си играат надвор. Пример: Кога ќе ја допрат кората на дрвото или цветот на растението, тие се потсетуваат на примерите кои нивиот наставник им ги презентирал на часот по биологија и тоа за начинот на кој се хранат растенијата.

3.Играта во природа ја стимулира креативноста
Искуството кое го стекнав со 35 годишнто активно учество во програмските активности на извидничката организација на Велес и македонија , можам слободно стручно да го дизајнирам окружувањето за игра и учење – природата и природните материјали го потикнуваат безграничното детско сонување и служат како средство за инвентивност и креативност – “камењата, карпите и земјата“ дваат неограничени можности за игра кои секогаш можат на друг начин да се прикажат кога ќе се испадне надвор.

4.Играта во природа е отворена
Не постои упатство за игра во природа. Децата само создаваат правила и во тој процес ја користат својата креативност, интелегенција, сонување. Но и создадените преговарачките способности на уникатен начин.

5.Играта во природа ја намалува нервозата
Времето поминато во надврешната средина, психолошки ја намалува нервозата. Децата се отворени и опуштени после престојот во природа, кога ќе се вратат во традиционалните опкружувања во кои учат.

6. Играта во природа го зголемува нивото на концентарција
Времето кое децата го поминуваат во неструктурална игра во природа ја зголемува концентацијата на децата. Децата кои имат проблеми со задачите кои вклучуваат молив и хартија или подолго седат мирно и концетрирано, чесопати се многу поуспешни после времето поминато надвор.

7.Играта во природа е магично-сонувачка
Затоа што не постојат обележја, предходно започнати идеи и правила, децата за себе создаваат свој свет околу себе. На овој начин на играње, децата користат свои соништа такви како што не се користат кога се во затворено.

8.Времето поминато во природа развива почит кон другите живи суштества
Децата развиваат емаптија, способност за да ги воочат чуствата кон другите луѓе, така што си играат со суштствата во природата. Набљудувајќи ги бубачките, ластовичките или верверичките кои се движат од гранка на гранка од дрво на дрво, на децата им се овозможува да учат од други и така да растат.

9.Играта во природа го поттикнува решавањето на п роблеми
Додека децата управуваат со светот во кој сами си создаваат правила, мора да научат што функционира, а што не, кој начин носи успех, а кој загуба, кога да продолжат со подвизите, а кога да застанат.

10.Играта во природа поттикнува способност на водство
Во опкружувањето каде што децата создаваат забава, се појавуваат природни лидери или водачи. Едно дете ќе доминира во објаснувањето како се игра некоја игра, додека пак друго дете ќе ужива во поставувањето на физичките предизвизци на играта со препреки. Сите типови на способности и вештини на водачот се потребни и треба да се негуваат.

… продолжува

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*