Ракометот е екипен спорт со топка, во кој се натпреваруваат две екипи по седум играчи (6 играчи + 1 голман) на двете страни. Играта трае 60 минути (2 полувремиња по 30 минути), а цел е да се даде повеќе голови од противниците. Топката се води слично како во кошарката, со топкање и подавање но се игра со помала топка и со други правила на водење на топката. Димензиите на ракометното игралиште се должина 40 метри а ширина 20 метри. Терените се воглавно во покриени простории, а подлогата главно е дрвен паркет, иако денес се користат и материјали од тврда гума. Постојат поинакви терени, главно од бетон иасфалт, но тие воглавно не се користат за такмичење поради опасноста од повреди. На теренот се наоѓаат линии кои одредуваат одредени делови на теренот. На средина од теренот се наоѓа линија која ги одвојува двете половини. На спротивните страни на теренот и тоа по краевите се наоѓа по еден гол, кој е висок 2 m и широк 3 m. Во голот има мрежа. Пред секој гол се наоѓа полукружен простор, на просечна оддалеченост од 6 м од голот, означена со полна линија. Тој простор од 6м често е и обоен со друга боја, различна од останатите бои на игралиштето.
3-2-1 – Зонска одбрана во ракомет
3-2-1 одбраната е сигурно најзабавниот одбранбен систем , но исто така бара голема кондициона подготовка , бидејќи дефанзивецот не смее само да внимава на својот противник , но исто така треба да биде спремен да му помогне на својот соиграч да го покрие својот противник .
За време на многу офанзивната одбрана напаѓачите се под пресинг цело време , кој што може да го уништи нивниот вообичаен начин на играње и да ги натера противниците да брзаат или да форсираат долги подавања , кои што даваат можност за контра напади . Но: Одбраната мора многу да внимава бидејќи има многу простор зад нивната одбрана .Затоа може да се случи недостиг на комуникација во одбраната и напаѓачот може да се прикраде и да постигне погодок .Посебно е опасно ако бекот или крилото примат топка и да истрчаат позади централната одбрана и да ја нападнат централната зона . Таму се наоѓа само еден одбранбен играч кој што мора да го чува пикерот .Тој треба да одбере дали да го чува пикерот или да го чува бекот/крилото . Ако го чува бекот/крилото , пикерот ќе биде слободен – ако го чува пикерот , бекот/крилото ќе биде слободно . Голема дилема . Посебно децата ја сакаат оваа одбрана , поради тоа што е доста забавна . Тие сакаат да бидат онаму каде што е топката , и им се чини дека е природно да играат некаков вид на 3-2-1 одбрана , но овој систем бара огромна дисциплина , и е доста ризичен систем за младите играчи .
Видови на одбраната
3-2-1 може да се игра офанзивно или дефанзивно , но покрај овие има и други начини , имено традиционално , иницијативно и антиципативно . Под традиционална одбрана правилото е , дека одбранбениот грач го покрива напаѓачот движејќи се по одредена траекторија .
Под иницијативна одбрана се подразбира тоа дека одбранбениот играч мора да проба да го принуди напаѓачот во подалечна локација – на пример да го избуткаме нанадвор . Со наведување на дефанзивецот дека е спремен да чува во внатрешноста , напаѓачот ќе види можност да напаѓа од надворешноста , она на кое што одбраната е спремна.Иницијативната одбрана може да биде добро искористена кога напаѓачкиот бек пробува или бековите пробуваат да ја добијат средината во обид да шутираат цело време – кога крилата се лоши шутери или ако сакаат да напаѓаат на таа страна , каде што противниците не се така добри . Под антиципативната одбрана се работи за покривање на траекторијата на топката во обид да се украде или да се создаде пресинг ситуација за играчот , кој што ја има топката . Еве 2 најдобри начини да се украде топката : 1. кога топката е фрлена од крилата кон центарот на теренот. 2. кога топката ја додаваме на крилата.
Првата можност произлегува кога крилото е длабоко поставено и сака да ја врати топката на бекот . Тука одбраната може да испадне и да ја пресече топката . Втората варијанта произлегува кога напаѓачкиот бек влегува во зоната и сака да ја подаде топката на крилото . Ако одбранбеното крило е спремно , постои можност да ја пресече топката .
Дефанзивни задачи :
Општо : Дефанзивецот се движи блиску до напаѓачот кога ја има топката или кога треба да ја прими топката . Како и да е тој мора да внимава да не отиде многу далеку , бидејќи одбраната ќе биде многу отворена и би било невозможно да се врати на своето место навреме . Кога напаѓачот ја подава топката , одбранбениот играч се враќа назад дијагонално и е спремен да го фати другиот напаѓач . Рацете се кренати во висина на рамениците како би дале до знаење дека нема простор каде би се упатил удар или влез .Влегувањето на бековите или крилата позади средниот или додавање на топката позади средниот мора да биде избегнувано .
Кога напаѓачкото крило ја има топката : Одранбениот краен го чува крилото во внетрешноста за да се спречи влегување на втор пикер и со тоа да се проигра првобитниот пиекер. Ако крилото оти надвор од 9 метри го притискаме и со тоа го приморуваме крилот ода шутне од тешка позиција , која што е многу полесна за одбрана на голманот . Ако крилото проба да влезе во средината , ова мора да биде запрено со помош на халфот . Другите одбранбени играчи се добро поставени и со ова крилото пробува да ја размрда одбраната.
Кога бекот ја има топката : Задача на халфовите е да го чува бекот и да го спречи да шутира , да не може да влезе во просторот од 7 метри или да му подаде на пикерот . Ако бекот проба да пробие по надворешноста , напаѓачот е потиснат со крилото , кое што е позиционирано дијагонално позади бекот . Крајниот мора да биде спремен да го покрие своето крило , кое што може да се ослободи и да има слободен шут . Крајниот тогаш мора да се приближи до крилото што е можно поблиску . Ако не успее тогаш се останува на голманот , но ризикот е помал ако крилата шутираат а бековите се затворени .
Кога средниот ја има топката: Средниот го напаѓа предниот во одбраната кој што спречува удари кон голот , влегувајќи во поле и проигрувајќи го пилотот . Ако противничкиот преден го пушти средниот и отиде позади него , мора да се корегира таа грешка . Предниот се враќа назад и го чува пикерот . Крајните се повлекле навнатре а халфовите се повлекле дијагонално навнатре . Многу е битно да не се пробува да се украде топката , кога топката е кај плејмејкерот , бидејќи одбраната би била доста отворена , ако обидот за крадење на топката биде неуспешен .
Кога топката е дадена на пикерот : Ова не е посакувано поради тоа што примарна цел на одбраната е ова да не се случи . Центархалфот мора да се обидува да биде помеѓу топката и пикерот или да ја бутне топката пред да ја добие пикерот . Ако пикерот се помести зад халфот не е потребно центархалфот да го следи пикерот . Предниот мора да комуницира со крилото за можните опасности па мора да се повлечат , додека халфот станува поофанзивен со што остава голем простор .
проф. Ангелче Гушев