Home / Колективни спортови / За ракометниот голман

За ракометниот голман

afp-franck-fife_origЧесто пати се создаваат погрешни ставови и мислења за голманот во ракометната игра. За нив се вели дека стојат без потреба и дека секој би можел да биде голман и дека добрата одбрана е само нивна добра среќа. Тоа е голема грешка. Секој прав ракометен голман кој е со срце внесен во играта и кои ја прифаќа таа позиција многу поинаку размислува кога се наога помегу двете стативи на ракометниот гол.  Кога станува збор за голмановата среќа, истата треба да се заслужи !!! Голмановото размислување во текот на ракометната игра може да се подели на три фази и тоа:
–    Размислување за потегот на противничкиот напагачки играч
–    Размислување за потегот на сопствениот одбранбен играч
–    Размислување за својот потег за евентуално надмудрување на противникот

Сите овие фази се одвиват во период од неколку секунди , а за сето тоа потребно е одржување на висока концентрација во текот на целото време. Затоа со целосно право може да се каже дека “ако е лесно да се биде голман, тогаш секој би можел да биде голман“ . Голмановата глава многу значи во ракометната игра. Ако тој е психички јак и интелегентно пристапува во бранењето на голот тој воедно може да ги сокрие и своите физички недостатоци кои понејкогаш се појавуваат кај ракометните голмани. Затоа ценети ги своите ракометни голмани, затоа што секоја ракометна екипа треба да има макар една луда глава !!!

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*