Витаминот К се јавува во две основни природни форми – како К1 или филокинон и како K2 или менакинон. Витаминот К е познат и под називот „коагулационен витамин“, бидејќи учествува во коагулацијата (згрутчувањето) на крвта. Долго се сметало дека витаминот К е задолжен само за згрутчување на крвта. Но, понатамошните истражувања докажале дека овој витамин е присутен и во метаболните процеси на ткивата и коските. Најголем природен извор на витаминот К1 е зелениот лиснат зеленчук, како што е: спанаќот, зелката, кељот, прокељот, карфиолот, брокулата. Го има и во кивите, во некои растителни масла, најмногу во сојиното масло, а две лажички магданос содржат дури 153 % од дневните потреби на организмот. Значајни количини на витаминот К2 има во месото, јајцата и млечните производи. Бактериите кои влегуваат во состав на нормалната цревна флора, исто така, можат да направат одредена количина на витамин К. Лицата кои земаат поголеми дози на антибиотици се во опасност од недостаток на овој витамин, бидејќи антибиотиците ја нарушуваат нормалната цревна флора.
Во кои намирници е највеќе застапен витаминот К?
Зајакнете ги своите коски, така што ќе консумирате повеќе зелен зеленчук и салати. Што повеќе консумирате зелен зеленчук, толку повеќе внесувате витамин К. И киселиот варен зеленчук има многу витамин К – Бактерија на млечна киселина, како и цревните бактерии го произведуваат овој витамин.
на 100 грама:
Кисела зелка 1540 мг.
Брокули 817 мг.
Магдонос 620 мг.
Прокељ 570 мг.
Спанаќ 350 мг.
Зелена салата 113 мг.
проф. Ангелче Гушев