Home / Исхрана на спортистите / Весело друштво шумски плодови

Весело друштво шумски плодови

Се наогате во шума на прошетка, планинарите, се движите низ предел недопрен од човековата рака. Околу вас имате едно големо друштво шумски плодови кои ги имате на дофата на вашата рака. Друштво кое што ќе ви го подобри здравјето, друштво кое ќе ве направи по здрави и по јаки. Во друштвото се наоѓаат следните:

sipkaШипка (Rosa Canina L.-Rosaceae): Плодовите содржат голема концентрација на витамин Ц 400-800мг%, витамин П, каротени околу 15мг%, витамин Б И К, органски киселини, флавоноиди, пектини 10%, шекери, танини, малку етерско масло и минерални соли. Експериментално и клинички е утврдено дека продуктите од шипката дејствуваат антихеморагично, а тоа дејство им се припишува на витаминот Ц и К и на танините. Чај од плодовите се препорачува како диуретично сретство при заболувањата на уринарните органи, а тоа дејство им се припишува на флавоноидите и на органските киселини. Чајот од плодовите ја спречува и лекува атеросклерозата, бидејќи витаминот П ги тонизира крвните садови. Плодовите на шипката го подобруваат апетитот, варењето на храната како метаболизмот. Овие дејства се засновуваат на витамините и на органските киселини. Може да ја користи секој човек непрекинато и неограничено.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAКапини (Rubus fruticosus L.-Rosaceae) се сметаат како мошне корисно овошје за исхрана на децата и за рековалесцентите. Содржат околу 20% суви материи, од кои 6% шеќер, 0,9% белковини, 1% масти, 9% целулоза. Во 100гр. капини има 37 калории. Содржат витамин Ц околу 24мл/100г., потоа витамините Б1, Б2… Од минералите највеќе содржат калиум, цалциум, фосфор, магнесиум и железо. Според содржината на железото капините отскокнуваат од другото овошје и затоа им се препорачуваат на слабокрвните лица. Плодовите од капина поволно делуваат врз варењето на желудникот и го јакнат слабиот желудник. Може да ја користи секој човек непрекинато и неограничено.

drenkaДренките (Cornus mas L.-Cornaceae) содржат таннин,органски киселини, пецтин, шеќер, слузи и глиоксална киселина, а во кората има смола. Танините и пектините поволно дејствуваат на слузницата на цревата,поради што сокот, чајот, мармаладот од дренки се даваат како многу пријатен лек за лечење разни заболувања на органите за варење. Може да ја користи секој човек непрекинато и неограничено.

 

 

borovnicaБоровницата (Vaccinium myrtillus L.-Ericaceae) содржи околу 7-11% флобатанин, смеса на разни антоцијански хетерозиди, околу 27% инвертен шеќер , околу 6% органски киселини, околу 6 мг витамин Ц, околу 1мг каротен ид. Поради танинот и пектинот боровницата делува како благо сретство против дијареја и катар на цревата, разни воспаленија на слузината и др. Поволно делува и на видниот пурпур при што ја препорачуваме на сите возачи, а исто така може да ја користат и лица заболени од анемија. Може да ја користи секој човек непрекинато и неограничено.

 

 

trninkaТрнинка (Prunus spinosa L.-Rosaceae) Во плодот има многу танин, а во семето цијаногенетски хетерозиди. Во плодот има и многу пектин, органски киселини и витамин Ц. Плодот поради танинот дејствува стиптично, па се употребува како и другите танински дроги против пролив и сл. Плодовите дејствуваат поволно на запаление на слузницата на органите за варење поради присутниот танин и пектин. Добар тоник во облик на компот.

 

 

проф. Ангелче Гушев

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*