Home / СУС Велес / Велешките средношколци на државно првенство во пинг-понг

Велешките средношколци на државно првенство во пинг-понг

GradonacalnikНа 15.11.2013 год. (петок) Сојузот на училишен спорт „Илинден“ во соработка со  Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Пинг-понг федерацијата на  Македонија , во  спортската сала „Гоце Делчев“ го организираа Државното  првенство во пинг-понг за средни училишта. На државното првенство учествуваа 75 пингпонгари од 26 училишта во машка и женска конкуренција. Првенството го отвори градоначалникот на Општина Илинден,  Жика Стојановски, а сите присутни млади пинпонгари ги поздрави и претседателот  на Федерацијата на училишен спорт проф. д-р Александар Туфекџиевски. Сојузот на училишен спорт на Велес беше преставен со 13 средношколци од Велес и  тоа од ССОУ “Коле Неделковски“, СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ и СОУ “Јовче  Тесличков“.   Од ССОУ “Коле Неделковски“ учествуваа Филип Лазаревски, Георги Стоевски, Мартин   Петровски и Марио Ивановски. Гимназијата беше преставена од  Сандра Игнова,  Димитар Наков, Борис Димитриевски, Дарко Мирчевски, Жарко Колев, Бобан  Арсовски и Мартин Ристов , а Економското училиште од Трајче  Стојанов и Виктор Тумбов. Најдобро пласиран од страна на велешките средношколци  беше Мартин Петровски со  освојување на осмото место. Водач на сите велешки учесници беше професорот по спорт и спортски активности, Ангелче Гушев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*