Home / Престој во природа / Логорување во природа / Велешките извидници – гемиџии на Вардарската регата 2014

Велешките извидници – гемиџии на Вардарската регата 2014

gradonacalnikСтотината современи Гемиџии, по четири дена пловење, од 26 до 29 јуни пристигнаа во Гевгелија. Ветерот годинава не ни беше сојузник на учесниците, оти дуваше спротивно на правецот на пловење,  што сите четири дена ја отежнуваше пловидбата.  Проблеми создаваа и  високите температури и жешкото сонце, кое ги ,,испече,, гемиџиите. Со големи напори  Гемиџиите стигнаа до Гевгелија, откако во четвртокот тргнаа од Велес. Попатно ноќеваа во воениот полигон во Криволак, во Демир Капија и во  Марвинци. На оваа 16-та по ред Вардарска регата,  за четири дена учесниците минаа 140 км покрај на с извидниците преставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беа и припадниците на воената полиција на АРМ чиј домакини бевме ние извидниците, потоа единицата за брзо распоредување при МВР, пожарникари, подмладокот на Црвениот крст. За прв пат по еден век по Вардар пловеше и гемијата, која беше специјално изработена за оваа пригода.
Оваа година учесници од страна на извизднички одред “Димитар Влахов“ – Велес беа, Ангелче Гушев, Ненад Андреевски, Златко Ристов, Јане Јанков, Бојан Миклош, Зоран Пановски,Александар Љутков и Благој Горчевски кои воедно беше и сплавар на регатата. На годинешнава Вардарска регата имаше и гостин  од Битола, кој желен за авантура и нови искуство, за прв пат  со кајак ја извозе целата делница од Велес до Гевгелија.
Имате исклучителна можност да се поврзе нешто старо и ново. Оддавате почит на Гемиџиите и гемијата,  но и  да се плови по Вардар. Ова во други држави е вообичаена работа, кај нас реткост. Или популарниот рафтинг и затоа сакав да бидам дел од пловидбата, која доколку сум во можност би дошол и следените години  рече Валентино Сивески. Тој неколку години ја имал  желбата да плови со регатата, годинава успеал преку пријатели од Велес да дознае кога таа ќе се вози и да се приклучи.   Тој ја извезе регатата во сопствен кајак, кој во Битола го користи на езерото Стрежево.
На отварањето на овогодинештата регата “Гемиџии“ 2014,  велешката фолк група Соната  ја промовираше нивната нова ,,Пушти го коработ,,. Таа беше изведена во чест на тргнувањето на Вардарската регата и во чест на Гемиџиите и запловувањето на гемијата.  Ова е  стара велешка  песна  преработена, со музика и аранжман на членот  на групата  Трајче Бондиќов. Оваа песна  ја оставаме за гемијата, за Гемиџиите. Таа е наш придонес за  Велес. Наскоро ќе ја снимиме, оти сега ја пеевме во живо и очекувам дека ќе има долг век – вели Никола Димовски член на групата. Песната ,, Пушти го коработ,, ја пронашол Љупчо Данов во една од книгите оставина  на етнологот кавадарчанецот Васил Хаџиманов. Според записите таа потекнува од 30-тите години на минатиот век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*