Home / Колективни спортови / Батерија на тестови за ракометари

Батерија на тестови за ракометари

Во рамките на оваа статија сакаме да Ви преставиме, а воедно и да Ви предложеме батерија на тестови за ракометари кои се натпреваруваат во повисок ранг на натпревари (врвни ракометари).

Лабараториски тестови:
– Антропометриски мерења + проценка на телесна композиција
– Спирометриски тестови на подвижна лента (VO2max, vVO2max, FSmax, vANP, FS на ANP), Проценка на општата аеробна издржливост
– Вертикални скокови на тензометриска платформа
Играчи: (скок од чучнување со подготовка, скок од чучнување со подготовка на една нога, повеќе поврзани скокови од скочен зглоб.
Голмани: (скок од чучнување со подготовка, максимален скок со подготовка, скок од чучнување). Голманите движењето го започнуваат од позиција на стоење или полу потчучување со помош на рацете или веќе се напред со испруќени раце.

Теренски тестови:
– Движење во два триаголници
– Спринт 30 метри со време на минување на 10 метри (проценка на акцелерација + максимална брзина)
– Bench press со 70% телесна тежина
– Држење на трупот во екстензија
– Catting тест
– Претклон разножно во седење
– Фрлање на ракометна топка со една рака од седење
– Фрлање на ракометна топка со една рака од основен став
– Фрлање на ракометна топка со една рака од скок шут
– Тест 300 јарди
– Yo-Yo Intermittent Endurance Test (проценка на аеробна ациклична издржливост)
– Yo-Yo Intermittent Recovery Test (проценка на брзината на опоравување во текот на ациклични активности од аеробно-анаеробен карактер)

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*