Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тимови се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлање на топката низ хоризонтален обрач, на височина од 3 метра. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку топкање и подавање на останатите членови на тимот. Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измисли играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сеуште се користат денес. Најсмит беше важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка, и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Две најсилни кошаркарски лиги во светот се Европската Евролига и Северно-американската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
Правила во кошарката
До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи 1 поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање измеѓу играчите. Телесни контакт кој може да го повреди играчот не е дозволен. Постојат строго одредени правила и начини на кој топката може да се води. Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со се помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шут, еден од кои е хорок ударот.
Познати кошаркари
Најпознатиот кошаркар на сите времиња е Мајкл Џордан. Најголем дел од познатите кошаркари, посебно во понови времиња, играат во Американската НБА лига. Некои од нив се: Бил Расел, Вилт Чембрлен, Меџик Џонсон и Лери Брд. За покомплетна листа 50-те Најдобри играчи во историјата на НБА. Најдобри играчи од Бивша Југославија се: Дражен Петровиќ, најдобриот Европски кошаркар на сите времиња, Крешимир Ќосиќ, Радивоје Корач, Дражен Далипагиќ, Драган Кичановиќ, Иво Данеу,Предраг Стојаковиќ,Александар Ѓорѓевиќ, Предраг Даниловиќ, Владе Дивац, Дино Раџа, Тони Кукоч … Од Македонија најпознати играчи се Благоја Георгиевски, Петар Наумовски и Врбица Стефанов.
Димензии
Регуларниот кошаркарски терен има димензии 28×15 метри, а во НБА овие димензии се 29×15 метри. Повеќето терени имаат дрвен паркет. Кошевите се метални со табла, мрежа и обрач и висат 1.2 метри во теренот на средина со висина на обрачот од 305 сантиметри. Иако димензиите на таблата можат да бидат различни, обрачот не смее да отстапува ни неколку сантиметри, бидејќи и само еден сантиметар може многу да влијае на шутот на играчот.
проф. Ангелче Гушев