Колутите се кружни движења , нивната траекторија се карактеризира со почеток и крај на едно составено од повеќе движења: од исправен став, преку чучнување, завземање на најоптимална положба за за почеток на движењето, поставување на рацете, премин во кружно движење (тркалање преку теме и грб), доагаме до појдовна положба и исправање.
КОЛУТ НАПРЕД
Изведбата на колут напред е следна: правиме неколку чекори, се спуштаме и доагаме во чучната положба, потоа се наогаме во свиткани во топчеста форма и легнати на грб. Рацете ги поставуваме позади главта, ги движиме нозите према напреди преку кружно движење и повторно доагаме во чучната положба. Потоа се исправаме, ги подигаме рацете нагоре за да ја растовариме тежината на двете стопала
КОЛУТ НАЗАД
Изведбата на колут назад е следна: стоиме исправени со рацете нагоре и свртени со грб кон насоката на движење. Го спуштаме телото во чучната положба, потоа се наогаме во свиткана форма легнат на грб со движење према назад. Рацете ги поставуваме позади главата, ги движиме нозете према назад со кружна траекторија на движење. Импулсот на силата доага од рацете кои допринесува од кружното движење наназад повторно да се дојде во чучната положба. Потоа се исправаме свртени со грб, ги подигаме рацете нагоре за да ја растовариме тежината на двете стопала.
За усовршување на изведбата на двата видови на колути постапно и системаскиги усложнуваме вежбите и тоа:
– изведба на неколку споени колути нанапред
– изведба на неколку споени колути наназад
– комбинација на колут напред и колут назад
проф. Ангелче Гушев