Home / Исхрана на спортистите / Црните сливи – мултивитаминско овошје

Црните сливи – мултивитаминско овошје

За црните сливи се вели дека се вистински природни мултивитамини кои го штитат здравјето и го подобруваат варењето на храната. Ако сакате да ја намалите телесната тежина и да изгледате подмладено и свежо црните сливи се прав избор за вас. Сувите сливи во однос на друго суво овошје има дупло повеќе антиоксиданска моќ. Во составот на сувите црни сливи се наоѓа концентриран сорбитол и влакна, кои му даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи. Но затоа пак и свежите и сувите сливи претставуваат вистинка ризница на калиум, влакна, витамини, а во мали трагови се наоѓаат магнезиум и железо.Во било кој облик ова овошје е исклучително здраво и богато со единствените фитонутриенти, како и неохлорогенска и хлорогенска киселина. Овие супстанци припаѓаат асемејството феноли, чија антиоксидантска улога е потврдена во различни научни истражувања.
Во 100 гр сливи има 87 гр вода и 11 гр јагленихидрати. Од витамините застапени се највеќе Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Кога станува збор за минералите, богати се со калијум, фосфор, магнезиум и натриум. За доручек може да се направи овое јогурт со сливи така што во обичен јогурт се додаваат сечкани и излуштени сливи и мед по желба. Доколку сами печете р’жан леб, при припрема на смесата треба да додадете и напола испечени сливи во рерна. Вака спремениот р’жан леб е многу сладок, вкусен и здрав.
При купување на сливи треба да внимавате плодот да е цврст, неоштетен и да има дршка. Површината треба да биде малку замаглена, што покажува дека со сливите правилно се постапувало. Имајќи на ум дека брзо узреваат, во фрижидер може да се чуваат најмногу три дена. Треба да се оддвоени во хартиена ќеса, бидејќи дозревајќиослободуваат етилен, кој го забрзува процесот на зреење на останатото овошје што се наоѓа во фрижидер. Освен тоа, извадени од фрижидерот треба извесно време да отстојат на собна температура, затоа што на тој начин им се враќа до максимум сочноста и слаткоста.Замрзнатите сливи, по правило, може да се чуваат во замрзнувач најдолго до три месеци. Пред да се стават во замрзнувач треба да се преполоват и да им се извадат коските. Така преполовени наредете ги на чинија, па замрзнете ги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*