Home / Престој во природа / Логорување во природа / XXXIV Средби на извидниците Велес 2019 во чест на Државноста на РМ

XXXIV Средби на извидниците Велес 2019 во чест на Државноста на РМ

Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес  одбележувајќи го 67 годишното постоење на одредот во Велес и Република Македонија и 70 години извидништво во Велес , во периодот од  6-8.9.2019 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ ги организираше јубилејните традиционалните 34-ри Средби на извидници Голозинци – Велес 2019. Во рамките на ови 34те Средби на извидници учество земаа одреди од следните градови и тоа: од Скопје и тоа ИО “Браќа Миладиновци“, ИПО “Јадран“, ИПО “Галеб“, ИПО “Сидро“ и ПСИО, од Куманово ИО “Скаут“, од Прилеп ИО “Феникс“, од Штип ИО “Еквинокс“, од Битола ИО “Молика“, од Кочани ИО “Ластовица, од Крива Паланка ИО “НН-Борче“ и од Виница ИО “Армонија“. Мегународниот карактер на 34те Средби на извидници го одбележаа гостите од Република Србија и тоа од Ниш со одредите ИО Мија Станимировиќ и ИО “Краљ Петар “. На овие средби на извидници учество земаа 150 извидници од гореспоменатите одреди.

Беше постигнат следниот пласман: •    

Категорија ИСРАЖУВАЧИ/РОВЕРИ: прво место патролата Архитект на ИО “Скаут“ –Куманово, второто место патролата Копачи + Стефан на ИПО “Јадран “ од Скопје,  а третото место го освои патролата Орион на ИО “Краљ Петар I “  од Ниш.

•    Категорија ИЗВИДНИЦИ: Прво место патролата Ние четворица  на ИО “Армонија“ од Виница, второто место патролата на ИПО “Јадран“ од Скопје – “Неаме име“ и трето место патролата Загубените на ИО “Еквинокс“ од Штип.

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ како организиатор на 34те Средби на извидници сака да изрази голема благодарност до нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од НИш за нивната пожртвуваност и професионален пристап кон натпреварувачкиот дел на средбите, со што нивната патрола МИЈА 21 беше најдобра  и со надобро изработени и оценети материјали  во целокупниот пласман на средбите, но поради старосна граница на дел од членовите на  патрола МИЈА 21 мораше да биде вон конкуренција.

Во периодот од 1975 до 2019 година, успевaме да организираме триесет и четири  Средби на извидници, а кои што последните деветнесет  беа од меѓународен карактер. Овие 34ти Средби ги организираме повторно на тема … ориентацијата и топографија, сигнализација … игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам .

Со оваа меѓународна средба извидниците од Велес во своето 67 годишно работење успееа да докажат дека знаат да организираат и да реализираат активности од меѓународен карактер, а сето ова немаше да биде организирано на високо и професионално ниво доколку не беше поддршката од од бизнис секторот од Скопје и Велес .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu