Home / Престој во природа / Логорување во природа / 46 Меморијал – “Марко Граорковски“ го освоија извидниците од Велес

46 Меморијал – “Марко Граорковски“ го освоија извидниците од Велес

Во Катлановска Брезица во организација на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје од 19 до 21.4.2019 год. се одржа 46 Меморијал Марко Граорковски“. Овoj меморијал ги опфаќаше следните категории на членство: извидници (12-15 години), истражувачи-ровери (16-24 години). Учесници на Меморијалот “Марко Граорковски“ беа повеќе од 250 извидниците од Скопје, Велес, Кичево, Охрид, Св.Николе, Прилеп, Битола и гости од Ниш и Белград, Република Србија. Типот на натпреварите на овој меморијал беше – традиционалната ориентација.

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со дванаесет извидници или две патроли во категоријата на извидници и истражувачи-ровери. Оваа патрола за освоеното прво место обезбеди и ваучер за летовање на Јадранското море во Буљарица, Црна гора. Патрола “Чичко Врап“ од велшкиот извиднички одред го освои првото место во категријата истражуважи-ровери, а патролата “Гемиџии“ зема учество во конкуренцијата на извидници.

Победничата патола на ИО “Димитар Влахов“ од Велес беше составена од следните извидници: Благој Ѓоргиев, Трајче Темелковски, Стефче Рогужаров и Кире Харалампиев. Додека пак втората патрола на нашиот одред беше составена од: Иван Гушев, Тино Ангелов, Павел Шопов и Бојан Трендафилов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*