Home / Колективни спортови / Футсал/Фудбал / 23 и повеќе правила за уличен фудбал

23 и повеќе правила за уличен фудбал

Поагајки од фактот дека денешните деца и млади воопшто не се дружат и не играат со своите врсници во деловите од своите маала, улици или делови од градот, преку оваа статија сакав само да го преставам играњето на  фудбал многу одамна … фудбалот на мојата улица … мојот уличен фудбал.  И покрај тоа што тоа беше неформална игра и забава сепак  владееа и функционираа некои правила кои уличниот фудбал го правеа забавен за сите учесници.

ПРАВИЛА НА УЛИЧЕН ФУДБАЛ:

– натпреварот се игра на улица или на дел од тревната површина во парк
– двајцата најдобри ги бираат екипите
– натпреварот завршува кога сите ќе се изморат
– пенал е досуден ако повредениот многу пцуе
– многу чест резултат 14-12

– ако сопственикот на топката се навреди, ја носи топката дома и мечот е готов
– сите ја бараат страната на која не треба да одат далеку по топката
– најдебелиот од маалото е на гол
– голманот е секогаш крив за примен гол
– најмалиот трча по топката
– најстариот мора да игра секогаш
– каменот се користи како статива
– на кој е топката тој кажува која да игра

– ако те изберат последен животот ти губи смисла
– најголема нервоза е кога топката ќе ти отиде под кола
– ако ја допреш топката со рака, веднаш е пенал
– полувреме е кога си жеден
– 3 корнери – пенал
– нема судија
– аут се изведува со нога
– ако резултатот на крај е изедначен, се игра на 2 разлика
– после натпреварот се пие вода во комшискиот двор, а таму не брка некоја баба
– а за целото време на натпреварот некои лут комшија токму во тој момент одмара, а ние му пречиме.

Сепак овој начин на играње беше корисен за сите нас.  Беше непроценлива забава со другарчињата. Сите среќни и весели  заминувавме дома, бевме малку валкани и не средени но сепак играта не  здружуваше и играта помеѓу нас развиваше ривалство, спортски дух,  создаваше спортски идоли, а на крај оваа игра не дозволуваше да се  затвориме дома како голем број на денешни млади потиснати од информатичката  технологија остануваа затворени во својот мал компјутерски микро свет.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu