Home / Стручни Теми / Важно е да се учествува… во радоста за спортскиот успех на другите

Важно е да се учествува… во радоста за спортскиот успех на другите

%d0%bf%d1%98%d0%b5%d1%80Социјалниот и економскиот статус уште повеќе се нагласува по раѓањето на „спортската индустрија“, кога спортот прави пазарен продор и ја стекнува репутацијата што ја има денес. Структурата на современите општества, социјалната стратификација и диференцијација, создадоа пречки мнозинството да стекне добра материјална состојба и да допре до целите кои ги наметнува економската реалност. Во таква ситуација, се постигнува илузорно задоволство преку идентификација со спортските „ѕвезди“. Тие создаваат елита без власт која не побудува завист или класна омраза, туку создава референтен стил живот во и надвор од локалната заедница. Мотото на Кубертен повторно доживуваа трансформација: “Важно е да се учествува… во радоста за спортскиот успех на другите“.

 

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*