Home / Методика на ФЗО / Учество на 24 Симпозиум за млади, физичко образование и спорт

Учество на 24 Симпозиум за млади, физичко образование и спорт

Федерацијата на Спортски Педагози на Македонија, на 10 Септември 2021 година, го организираше 24 Симпозиум за спорт, физичко образование и млади кој што се одржа онлајн. Во Рамките на овој симпозиум се организираше и работилница на тема: „Свест за себе – како да се биде свесен тренер и наставник“. Краток опис на работилницата: Работилницата „Свест за себе – како да се биде свесен тренер и наставник?“ е наменета за тренери, наставници, играчи, спортски педагози и сите оние кои се занимаваат со спорт или се усовршуваат професионално во спортот.

Цел на работилницата беше учесниците да се запознаат со поимот саморефлексија, значењето на саморефлексијата, како и нејзината примена во пракса. Преку низа на различни вежби, учесниците ќе имаат можност да развијат механизми на саморефлексија применливи во спортксата пракса, во процесот на професионалната работа и приватниот живот, а со цел личен развој и подобра реализација на секојдневните активности преку анализа на лични примери, дискусија, размена на животни искуства. Преку наведените активности, учесниците имаат можност да ги воочат предностите, важноста и потребата за саморефлексија во секојдневниот живот и спортска пракса. Реализатори на работилницата беа проф. д-р Тонча Јукиќ, Отсек за Педагогија, Филозофски Факултет на Универзитет во Сплит, Република Хрватска. , м-р Ана Кегаљ (м-р по Педагогија), Педагошка служба на ФК „Хајдук“ – Сплит, Република Хрватска).

Во рамките на програмата на 24тиот Симпозиум за млади и спорт  свои пленарни предавања имаат:

· Dr. Claude Scheuer, University of Luxemburg,

President of EUPEA (European Physical Education Association)

The Covid-19 pandemic and its implications on the quality of physical education in Europe

· Anita Király PhD,

Hungarian School Sport Federation

President of HSSF, Coordinator of ESSD

European School Sport Day files explained

· dr. Róbert Paic PhD,

Hungarian school sport federation

Grassroots exchange and mobility – empowering youth sport professionals from the perspective of the Hungarian School Sport Federation

На овој 24тиот Симпозиум за млади, физичко образование и спорт од страна на ССОУ Коле Неделковски Велес учество зема професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu