Home / СУС Велес / Унапредување на училишниот спорт во Република Македонија

Унапредување на училишниот спорт во Република Македонија

Во организација на Федерација на Училишен Спорт на Македонија од 23 до 25 август 2018 год. во хотел Сириус во Струмица се одржа семинар на тема “УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”.


На овој семинар во трите планирани работни денови се разговараше на следните теми:
-програмски активности, организирање и финансирање на училишниот спорт на училишно ниво за основни и средни училишта со и без училишни спортски клубови (претставници од училишта – училишни спортски клубови);


– програмски активности, организирање и финансирање на училишниот спорт на општинско ниво;
– програмски активности, организирање и финансирање на училишниот спорт на зонско ниво;
– програмски активности, организирање и финансирање на училишниот спорт на регионално ниво;
– програмски активности, организирање и финансирање на училишниот спорт на државно ниво;
– програмски активности, организирање и финансирање на училишниот спорт на меѓународно ниво;
– прилагодување на системот на натпревари на сите нивоа за учебната 2018/2019 год.;
– информациски систем во училишниот спорт – web, fb, e-mail ;


– критериуми за определување на комесари, делегати, судии и други службени лица на натпревари со воведување на лиценци
– теми по спортови, забавен училишен спорт, спортски кампови и други теми
– контрола во системот училишен спорт и дисциплински мерки
На овој семинар учество зема со плодна дискусија директорот на АМС Дарко Каевски, кој воедно се запозна со предизвиците со кои се соочуваат наставниците и професорите од училиштата во реализацијата на училишните спортски активности и одговараше на нивните прашања.


На споменатиот семинар од Сојузот на училишен спорт на Велес учество земаа м-р Ангелче Гушев, Весна Николова и Иле Попов како учесници на државните првенства и гимназијадата во спортските игри (кошарка, одбојка, ракомет, футсал и фудбал), Леонид Таневски, Тодор Сутинов и Лазе Радевски како претседатели на училишните спортски клубови од училиштата ССОУ “Коле Неделковски“, ООУ “Благој Кирков“ и ООУ “Васил Главинов“ и Славчо давитковски како претседател на Сојуз на училишен спорт на Велес.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu