Home / Стручни Теми / Улогата на хаштагот во промоција на кинезиолошките активности

Улогата на хаштагот во промоција на кинезиолошките активности

Што се хаштагови, за што служат и како да ја користат својата “сила” на социјалните мрежи?Што се хаштагови? Една од дефинициите за хаштагот е дека тоа се зборови или фрази со претходен поставен знак т.н. тараба (#). Улогата на хаштагот пред се е да ги поврзете сите на пораки (постови) на социјалната мрежа во кои се споменува одреден збор или збир на зборови, на пример, или #ucilisensport #sportvoucilistata . Во еднa објава , можно е да се стават повеќе хаштагови или со користење на повеќе хаштагови бидете внимателни при користење на погрешни или несоодветни хаштагови и со тоа нема да ги добиете саканите резултати.
Хаштагот може да има многу посилен ефект од подолго напишани опис на сликата, на пример, на сликата се наоѓаат учениците кои ја преставуваат училишната екипа која се натпреварува во рамките на ракометните натпреварите во училишен спорт , која се натпреварува во училишната државна лига и во описот на сликата се поставува хаштагот #ucilisensportskiklubkolenedelkovski, #ucilisnadrzavnaliga, #veles.

Како правилно да ги користите хаштаговците?
Истражувајте кои хаштагови се релевантни за вашата спортска активност во овој случај – училишен спорт и како може да се провери дали хаштагот се користи од страна на други училишни спортски клубови во полето за пребарување на Фејсбук. На прмер внесете # име на училишен спортски клуб, на пример #спорт или некое друго релевантно имет. Според некои студии, најмногу интеракција најголема интеракција остварува објава со 1до 2 хаштага, потоа објави со 3 до 5 хаштагови, а додека пак објави со 6 до 10 хаштагови има најмала интеракција, а најслаба интеракција се објавите кои содржат повеќе од 10 хаштагови.

Дали користите истите хаштагови на неколку социјални мрежи ?
Одговорот е да, хаштаговите што ги користите на една социјална мрежа, но и а на други социјални мрежи, на пример, ако користите Facebook # ucilisensport, користете го истиот хаштаг и на други социјални мрежи, твитер, инстанграм итн.

Заклучок!
Хаштагот е многу моќна “алатка” која може да ви помогне со правилно користење да го промовирате на приме вашиот училишен спортски клуб или училишниот спорт во целост или вашите активности на локално или глобално ниво.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu